за

Салонот во Женева откажан, Швајцарија поради корона забранува собири

Салонот во Женева откажан, Швајцарија поради корона забранува собири
Салонот во Женева откажан, Швајцарија поради корона забранува собири

Владината забрана за одржување големи собири стапува на сила веднаш и ќе важи најмалку до 15-ти март. Организаторите на салонот во Женева беа под силни притисоци да не го откажат настанот, штетата за учесниците ќе се проценува допрво, во прашање се стотици милиони евра.

Женевскиот салон на автомобили годинава не се одржува. Организаторите на интернационалниот салон ја почитуваат одлуката на швајцарската влада. Таа реши да ги забрани сите манифестации со повеќе од 1.000 учесници, поради растечкиот број на инфекции со корона. Во соопштението од Владата се наведува дека сојузниот совет ја оценил ситуацијата како „специјална“ во смисла на законот за постапување при епидемии, поради ширењето на вирусот корона. Забраната стапува во сила веднаш и ќе трае најмалку до 15-ти март.

Со соопштение излегоа и организаторите: „Жалиме за оваа ситуација, меѓутоа здравјето на сите учесници има апсолутен приоритет за нас и за нашите изложувачи. За изложувачите, кои вложија многу за нивниот настап во Женева, ова е голем губиток. Убедени сме дека сите страни ќе имаат разбирање за одлуката.“

Откажани салонот на автомобили и на часовници, во Барселона е откажан Мобилниот конгрес, априлската авто-манифестација во Пекинг исто така нема да се одржи

Женевскиот салон е уште една во серијата манифестации што се откажуваат поради опасноста од инфицирање од вирусот. Во Европа прво беше откажан Светскиот конгрес за мобилни технологии во Барселона. Во Кина, од кадешто почна да се шири корона, откажан е салонот на автомобили во Пекинг, кој требаше да се одржи дури на крајот на април. Швајцарскиот салон на часовници исто така е откажан.

Лани на салонот во Женева присуствуваа околу 600.000 посетители. Во следните денови мора да се организира демонтирањето на штандовите. Финансиската штета на учесниците ќе ср проценува во следните недели. Салонот најави дека ќе изврши повраток на парите за влезници. Тоа не важи генерално за хотелските резервации и за превозот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

AIWAYS_U5_polnac

Aiways ќе продава возила во продавници за бела техника

Citroen Ami

Citroen има револуционерно возило, речиси како Renault Twizy