за

Системите за задржување во лента се корисни, цени АДАК

Клубот АДАК со позитивни оцени за техничкото решение што помага да се спречи една од најчестите причини за незгода на отворен пат

Системите за задржување во лента се користи, цени АДАК

Напуштањето на сообраќајната лента е најчеста причина за незгоди во статистиката на клубот АДАК. Експертите ги оценуваа податоците од незгодите што најчесто се случуваат на отворен пат. Причината за овие незгоди обично е невнимание на возачот, и тоа посебно на прав пат.

Овие незгоди што обично имаат тешки последици може да се спречат со системите за задржување во лента. АДАК преку анализа на тестовите на конзорциумот Еуро НЦАП во 2018 и 2019 година, оценуваше дали системите за задржување во лента на 71 модели на автомобил се способни да ги спречат овие незгоди.

Првите места им припаѓаат на системите за асистенција во Tesla Model 3 и Tesla Model X, како и на Audi Q3. Нивните системи за задржување во лента ги вршат сите неопходни функции, почнувајќи од автоматско активирање при секое следно седнување зад воланот, преку препознавање на работ на патот дури и кога лентата не се гледа, до заштита од судир во возило што наидува отспротива.

Најслаби оцени добија Fiat Panda и Jeep Wrangler, кои не поседуваат систем за задржување во лента

Производителите вградуваат различни видови асистенти за следење на лентата во автомобилите. Според АДАК, најкористи се системите што покажуваат дали автомобилот ги препознава линиите на патот, како и системи што се активираат меко, кога постои опасност да се прегази линијата.

Овие системи имаат голем потенцијал да ги спречат незгодите, доколку се активирани и работат правилно. Но, системите некогаш се ценат како непотребни и пречат, кога возачот не го разбира начинот на кој тие работат. Клучно е возачот да верува во дејствувањето на системот за задржување во лента на своето возило.

Од 2022 година, овој систем ќе биде задолжителен за сите нови модели на автомобили што се појавуваат на пазарот, за од 2024 година да стане задолжителен за сите модели во продажба. Истото важи и за лесните доставни возила, со дозволена тежина до 3,5 тони. АДАК порачува производителите да не дозволуваат системот да останува исклучен трајно, откако возачот еднаш ќе го деактивира системот, туку истиот да се вклучува одново при секое стартување на моторот.

Табела со оцени на 71 модели на автомобили од клубот АДАК

(Во четирите колони: Активно по секое ново стартување · Препознавање раб на патот без линија · Спречува судир во возило отспротива · Задржување во лента со испрекината линија)

Системите за задржување во лента се корисни, цени АДАК

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus LS 500h

Lexus LS паркира по меморија и има сребрени влакна во вратите

tesla priemno oddelenie

Tesla планира удел во новата компанија за батерии на LG