за

Во Германија никој не верува дека во 2035 ќе запре продажбата на возила со мотори

ЕУ сака по 2035 година да запре продажбата на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување (МВС). Според едно истражување во Германија, никој не верува дека рокот ќе се испочитува.

Железнички превоз на автомобили од фабрика: Планот на ЕУ е по 2035 да не се регистрираат нови возила со бензинец или дизел.

Ниту Парламентот на ЕУ тогаш не беше посебно одлучен околу забраната: Со 340 гласови за и 279 гласови против, беше донесена одлуката за возила со мотор со внатрешно согорување (МВС) да не се регистрираат на ново во Унијата по 2035 година.

Оваа неодлучност покажа колку се спротиставени ставовите во политичката дебата што се водеше на оваа тема. Тоа ќе биде жешка тема и во следните години.

Агенцијата Сиви спроведе едно истражување во Германија, најголем пазар за автомобили во Европа и еден од најважните пазари во светски рамки. Прашањето за граѓаните беше „дали очекувате дека ќе се одложи забраната за МВС за нови возила во ЕУ, што е планирана за 2035 година“?

Потврдно одговориле 81 проценти од испитаниците. Од нив, 61 проценти веруваат дека така ќе биде „во секој случај“, а 20 проценти ценат дека тоа ќе биде „многу веројатно“.

Малкумина веруваат во забраната за МВС по 2025 година

Одвај некој верува дека забраната за МВС ќе стапи на сила во 2035 година, како што првично е намерата. Само 6 проценти се убедени дека „во никој случај“ нема да дојде до одложување на примената на забраната. Нив им се придружуваат 7 проценти, што ценат дека тоа „веројатно“ нема да се случи. Според тоа, само 13 проценти веруваат дека нови регистарски таблици по 2035 година нема да се постават на автомобил со МВС под хаубата.

Агенцијата Сиви го спроведе истражувањето од 21-ви до 28-ми декември 2023 година онлајн, меѓу 2.500 лица што се интересираат за автомобилската индустрија.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Scala продажба рекордна

Шкода Скала најпродавана во ноември, Киа Спортаж и Тојота Корола во трка за шампион на ’23

Дачиа Сандеро со голем раст во продажбата, но конкуренцијата не следи