за ,

Volvo го заменува клучот со паметен телефон

Volvo ќе претстави нов вид клуч за отворање на возилото. Всушност и не се работи за клуч. Шведските автомобили во иднина ќе се отвораат со паметен телефон преку блутут, ќе се стартуваат и ќе се контролираат преку апликација.

Клучот си заминува од возилата, во иднина вратите ќе се отвораат преку паметен телефон. Врската меѓу телефонот и возилото ќе се воспоставува преку блутут. На тој начин, вратите од возилото ќе се отклучуваат и заклучуваат и моторот ќе се стартува на ист начин како со системите што досега ги познававме „безклучни“ или „Keyless“, додека мобилниот телефон си останува в џеб. Покрај тоа, во соодветната апликација ќе можат да се регистрираат повеќе клучеви, односно паметни телефони, за повеќе членови на семејството да можат да го користат возилото.

Volvo Cars digital keyVolvo продолжува чекор понатаму и планира оваа функција да им ја понуди и на рентакар-компаниите. Корисниците на овие услуги ќе можат целата постапка на измајнување на возилото да ја завршат по дигитален пат, вклучувајќи и вчитување на „клучот од возилото“, односно на соодветниот код. На тој начин, клиентите ќе можат да си заминат со изнајменото возило директно од местото каде што истото се наоѓа, без долго чекање на сервисните терминали на аеродром или на хотелската рецепција.

Преку апликацијата Volvo On Call, шведскиот производител ќе им овозможи на сопствениците директен пристап до патниот компјутер во возилото, за тие ги добијат бараните информации, на пример, дали вратите на возилото се заклучени – и да ги заклучи истите – или уште колку гориво има во резервоарот.

Volvo Cars digital keyПрвото прашање секако е околу безбедноста на врската меѓу автомобилот и паметниот телефон. Актуелните системи за пристап и стартување на возилото без клуч им овозможува на криминалните банди лесно да го отклучат и стартуваат возилото без примена на сила и без потреба да го поседуваат „вистинскиот“ модул за отклучување. За хакирање на безбедносните системи на овие возила нема потреба да се „фаќаат“ пренесените кодирани податоци, туку само се продолжува досегот на радио-сигналите што се пренесуваат меѓу клучот и возилото. За да се спречи ваков упад во безбедносниот систем на возилото, производителите обично го контролираат времетраењето на преносот на сигналот меѓу клучот и возилото. Доколку сигналот се пренесува подолго од вообичаено, односно „крадците“ го продолжуваат досегот на радио брановите, безбедносниот систем во возилото ја вклучува заштитата и не дозволува упад.

Volvo тврди дека ја користи последната безбедносна техника за дигиталниот клуч, заради заштита од хакерски напади. Првите сериски модели со новата техника ќе бидат понудени на пазарот веќе в година. Во меѓувреме стартува и пилот-проектот на Volvo и неговата фирма за измајмување автомобили Sunfleet во Гетеборг, за практично тестирање на техниката.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Maserati Levante: Задоцнет старт за конкурентот на Cayenne

Шефот на Daimler касираше рекордна заработка од 10 милиони евра