Volkswagen ја престигна Toyota во продажбата за првото полугодие

Групацијата Volkswagen ја престигна Toyota во продажбата за првото полугодие, што влева надежи кај германскиот гигант дека ќе ја презеде титулата на светски број 1 на три години пред планираното.

Во првите шест месеци од 2015 година, Toyota Motor продаде 5,02 милиони возила, додека Volkswagen достигна 5,04 милиони продадени возила. Јапонскиот концерн имаше пад во продажбата од 1,5 процент, наспроти марките на Volkswagen чијашто продажба опадна за само 0,5 процент. Во продажбата за Toyota влегуваат и бројките од Daihatsu и од марката товарни возила Hino, кај Volkswagen се вклучени и продажбите на MAN и Scania. Третиот најголем производител, американскиот General Motors, заостанува со 4,86 милиони возила и со пад во продажбата од 1,2 процент.

Европскиот пазар компензира за падот во продажбата во Кина

Volkswagen профитираше од најголемиот раст во продажбата на возила на европскиот пазар во последните пет и пол години, што го компензира слабеењето на пазарот во Кина. За да ја постигне целта за преземање на лидерството во браншата поставена уште во 2007 година, германскиот гигант ќе мора да се посвети на разрешување на стагнацијата на кинескиот пазар, како и да се соочи со конкуренцијата од евтини спортски теренци од локалните производители.

Глобалната автоиндустрија бележи експанзија во континуитет уште од 2009 година, но сега се соочува со колапс на рускиот пазар, како и слабеење на продажбата во Југоисточна Азија и дел од Јужна Америка. Во САД, во првите шест месеци е постигнат раст во продажбата од само 4,4 проценти, што е најниско ниво откако започна заздравувањето на пазарот.

Претходна објаваBMW најпопуларен кај германските апсолвенти, најголема плата во Porsche
Следна објаваTesla доби конкуренција од Кина: Youxia X e клон на Model S

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here