Кај фирмите е мало двоумењето околу електричниот погон, ако сметката покажува смалени трошоци. Фолксваген Транспортер сега може да вози и на струја. И дизелот има уште многу за возење тука.
Стартува седмото колено на едно од најдолгите поглавја на автомобилската сцена, на Фолксваген Транспортер, односно на наследничката на ФВ Були. Товарниот огранок на Фолксваген за новите Транспортер и Каравел ветува повеќе простор, поголема носивост, потешка приколка и професионална работна средина.
Тоа што се издвојува најмногу меѓу новитетите на Транспортер 7 е изборот на погони: Дизели со погон напред или назад, приклучен хибрид и целосно електрични изведби.
Вистински избор за секого
Со дебито на новата генерација на Транспортер, огранокот за товарни возила на концернот од Волфсбург (на германски Фолксваген Нуцфарцојге) ја заокружува стратегијата, на „секого да му се понуди вистинскиот“ Були. Кога првата генерација ја имаше својата премиера во 1949 година, малкумина тогаш помислуваа дека во тој момент почнува поглавјето на едно од најважните доставни возила на сцената. Тој Т1 беше еден од моторите на германското економско чудо. Оттогаш поминаа 75 години.
Моделското семејство на Були го сочинуваат новите Транспортер и Мултиван, како и ИД. Баз. Опсегот на моделски изведби почнува од обично товарно возило, до луксузно возило за кампување, односно до познатата Калифорнија.
„Транспортерот“ Џејсон Статам е главниот лик во рекламата за Фолксваген Транспортер
Електричните ИД. Баз и ИД. Баз Карго се развиени според истите начела како за Транспортер, но се става голем нагласок на стилот и на имиџот. Фолксваген цени дека тоа е најширок спектар од модели од таков вид на пазарот.
Фургон, комби, шасија и Каравела: Фолксваген Товарни Возила го нуди новиот Транспортер во изведба на фургон (за превоз на товар), како Фургон Плус (втор ред седишта назад, избор од неколку преградни ѕидови), Комби (за превоз на патници) и во изведба со гола шасија, со двојна кабина и со продолжено меѓуоскино растојание.
Комбито и фургонот дополнително може да се нарачаат во изведба со повисок покрив и со продолжено меѓуоскино растојание. Деветседната Каравела е осмислена за фирми што вршат превоз на патници, односно како шатл и големо такси. Моделот се издвојува во повеќе детали од Транспортер, а покрај тоа може да се избира и меѓу основна изведба на опременост, средна опрема Лајф и врвна изведба Стајл. Каравела исто така може да се испорача со долго меѓуоскино растојание. Уште една варијанта е Пан Американа, достапна за Транспортер Фургон и Каравела, со погон на сите тркала и наменета за теренско возење.
Ергономски услови за работа на возачот
Кокпитот е целосно сменет и се одликува со тоа што го соединува дигиталниот свет, со големи дисплеи и ракување преку нив, со светот на големите прекинувачи што се проектирани и за ракување кога се носат работни ракавици. Тоа денес го налага работното секојдневие. Посебност кај изведбата со приклучен хибриден погон и кај електричните модели се трите приклучници со напон од 230 волти.
Носивост од 1,33 тон
Зафатнината на товарниот простор во Транспортер Фургон во стандардна изведба е зголемен за 10 проценти и изнесува 5,8 метри кибни. Со долго меѓуоскино растојание и висок покрив, зафатнината расте на 9 метри кубни. Носивоста е зголемена од 1,2 на 1,33 тон, соодветно на зголемената зафатнина. Порасна и дозволената тежина на прикилка, на 2,8 тони за нагорнина до 12 проценти.
Дизел, приклучен хибрид, електрика
Вкупно седум погонски изведби се достапни во почетокот. Покрај трите ТДИ, првпат се нуди прикличен хибрид (еХибрид) и три електирчни верии (е-Транспортер и е-Каравела). Моторите ТДИ испорачуваат 110, 150 или 170 КС (стандардно со 8-степен автоматик, опција кај 150 КС).
Двата посилни ТДИ се комбинираат со погон на сите тркала. Приклучниот хибрид располага со 232 КС. Електричните верзии испорачуваат 136, 218 или 286 КС. Батеријата има корисна големина од 64 кВч.
Целото видео од светската премиера во Хановер
















