Концернот Фолксваген ќе стави повеќе модели од различни марки на иста плаформа за да ја зголеми профитабилноста

Концернот Фолксваген има намера да го зголеми бројот на марки што делат заедничка платформа, за на тој начин да се забрза штедењето и да се зголеми профитабилноста. Германците првпат по пандемијата објавија загуба на тромесечно ниво.

Порше Тајкан користи иста платформа со Ауди Е-трон ГТ. За да ги намали трошоците, концернот Фолксваген планира повеќе марки да користат исти платформи.

Наспроти профитот од 2,8 милијарди евра што беше постигнат во третиот квартал во 2024, Волфсбург годинава го заврши третото тромесечје со загуба од 1,3 милијарда евра. Причина за тоа е откажувањето на планот за престижната марка Порше да се префрли на електрични возила и повторното инвестирање во мотори со внатрешно согорување. Уште една причина за загубата е влијанието од увозните царини во САД, коишто се очекува годинава да достигнат вкупно 5 милијарди евра.

Директорот за финансии на концернот Фау Ве, Арно Антлиц, изјави пред новинарите: „Мораме да се подготвиме за сценарио во коешто царините ќе останат како составен дел од оперативниот бизнис. А, тоа значи дека мора да се продолжи работата врз реструктурирањето, а по потреба дури и забрзување на нашите мерки за штедење.“

Концернот во минатата година објави план за штедење, којшто опфаќа затворање преку 7.500 работни места, за на тој начин да се заштедат преку 1 милијарда евра годишно. Планот предвидува и смалување на бројноста од варијанти од моделите и на вкупните трошоци, додека Волфсбург се соочува со побарувачка за електрични возила што е послаба од очекувањата и со жестока ценовна војна во Кина.

Еден од начините да се смалат трошоците е да се зајакне синергијата. „Нашата посветеност, меѓу другото, е максимално користење на скалестите ефекти и уште поефикасно искористување на синергиите во рамките на групацијата,“ изјави Антлиц пред новинарите.

За тоа да се постигне, Фолксваген ја разгледува можноста, на иста прозводствена лента во своите фабрики да произведува повеќе автомобили од различни марки.

„Можеме да комбинираме уште повеќе автомобили од различни марки и со различни платформи, да користат ист софтвер и хардвер,“ кажа Антлиц. „Тоа ќе биде своевидна оптимизација на огромниот обем и на потенцијалите со коишто располагаме во концернот.“

[the_ad id=”85764″]

„Ние ги поставивме темелите на платформската стратегија и ја користиме истата при развојот на нови технологии. Следниот чекор ќе биде повеќе модели со иста платформа да произведуваме заедно. Во моментов, секоја марка произведува за себе.“

На овој начин, Фолксваген ќе може своите постоечки платформи, како што се МКуБ, МЛБ, МЕБ или ППЕ, да ги користи за уште повеќе модели и на тој начин уште толку да се скусат трошпоците и комплексноста. На пример, Фолксваген Голф, Ауди А3 и Шкода Октавија, сите користат иста платформа МКуБ, додека Порше Тајкан и Ауди е-трон ГТ ја делат платформата Ј1, објаснува аналитичарот од Вартбург Рисерч, Фабио Хелшер.

Зголемувањето на обемот на интегрирање на една платформа за повеќе марки, ќе ги зголеми ефикасноста и профитабилноста, додава Хелшер. „Очигледно дека тоа не е нова идеја на којашто никој не се сетил, но потребни се неколку години за планирање и интегрирање на повеќе марки, за тоа да се примени во производството. Долгорочната стратегија на концернот Фолксваген е да има само една електрична модуларна платформа ССП за сите возила, со мали разлики од една до друга марка.“

Претходна објаваКиа со рекорден октомври во САД
Следна објаваКина ѝ дозволи на Нексперија да извезува чипови, но прво да одобри Пекинг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here