Фолксваген ќе вградува Чет ГПТ во Голф, Тигуан и ИД.4

ФВ го прикажа освежениот Голф на саемот за електроника во Лас Вегас, уште маскиран, пред официјалното појавување.

Фолксваген го унапреди гласовниот асистент со алатка за пребарување што е базирана врз вештачка интелигенција, којашто може да одговара на општи прашања на патниците, но и да управува со инфо-забавниот систем и со климата.

За таа цел е остварена соработка со софтверската компанија Серенс и се користат функциите на Серенс Чет Про, што работи на база на генеративна вештачка интелигенција.

Според германскиот производител, гласовниот асистент може да управува со радиото и да одговара на прашања од општа култура. Во иднина, тој ќе може да разговара со возачите и да соработува на други начини, најавува Фолксваген.

Новата функција ќе биде достапна во моделите за европскиот пазар. Се размислува таа да се водеде и за САД. Тоа во понеделникот го најави Фолксваген, на саемот за потрошувачка електроника ЦЕС во Лас Вегас.

Серенс додаде дека функцијата ќе се вчитува во возилата по пат на овер-д-ер, односно исто како кај телефоните. Фолксваген напоменува дека Чет ГПТ не зафаќа во податоците за возилото и сите прашања и одговори се бришат.

„Тежок предизвик е да се направи навистина добра гласовна контрола. Убедени сме дека тоа може да успее само со големи јазични модели што се базираат врз АИ“, кажа на ЦЕС Каи Груниц, директор за технички развој на марката Фолксваген.

Фолксваген цени дека е прв големоволуменски производител што новата технологија ќе ја нуди како стандард во своите модели од компакт класата. Џенерал Моторс лани во март објави дека работи на виртуелен личен асистент, со користење модели на АИ што се базираат на Чет ГПТ.

Мерцедес-Бенц во јуни направи тестирање, со тоа што овозможи околу 900.000 возила што имаат систем МБУКС да симнат Чет ГПТ. Намерата беше на корисниците да им се овозможи преку системот да резервираат место во ресторан или во кино.

Гласовниот асистент ќе биде вклучен во неколку модели, како електричниот ИД.4, Тигуан и освеженото моделско годиште на Голф.

Фолксваген воедно ја искористи светската сцена на ЦЕС да го прикаже освежениот Голф, со маскирана каросерија, пред највеното деби кон завршетокот на јануари, во чест на 50-годишнината на моделската серија.

Претходна објаваЗависноста од дроги на Илон Маск нова главоболка за управниот одбор на Тесла
Следна објаваБош најави мотор што работи на водород

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here