Volkswagen пристига со теренец од Polo на салонот во Женева

На штандот на Volkswagen на швајцарскиот салон на автомобили ќе биде прикажана студија како најава за кросовер верзијата во понудата од модели на идната генерација на Polo. Со тоа продолжува големата офанзива на концернот во овој сегмент.

Моделската понуда на идниот Polo ќе вклучува и кросовер. Изгледот на новиот член во популарната моделска серија на Volkswagen ќе го прикаже студискиот автомобил на претстојниот салон во Женева. Главен конкурент на идниот Polo-SUV ќе биде Opel Mokka и нема сомнежи дека и во овој сегмент ќе се развие силна битка меѓу обете марки. Новиот Polo, вклучувајќи ја и кросовер изведбата за првпат ќе ја користи модуларната платформа на концернот Volkswagen, на којашто веќе прејдоа актуелните Golf и Passat. Бидејќи станува збор за приспособлива платформа, истата ќе претрпи неколку модификации во насока на намалување на тежината и обновување на електрониката. Секако дека и во понудата од мотори ќе следува натамошно зголемување на ефикасноста.

Volkswagen SUV-StudieПланот на Volkswagen е со идниот Polo да постави нови стандарди во поглед на можностите за поврзување со паметен телефон и други преносни уреди. Во таа насока, концернот од Волфсбург пред само неколку месеци оформи специјално одделение за развој на дигитална технологија. Студијата од салонот во Женева сепак ќе се посвети на можностите за ракување со функциите во кокпитот преку гестикулација, што беше прикажано премиерно во студијата Budd-e од саемот на електроника во Лас Вегас. Овој систем би требало да доживее сериска премиера веќе во следната генерација на Golf.

Die neue Volkswagen SUV-StudieНајголемата разлика во поглед на техниката кај новиот модел ќе биде можноста за користење на погон на сите тркала, што воедно и го овозможува модуларната платформа. Стартот на продажбата на кросоверот на база на Polo може да се очекува кон крајот на следната година. Германците најавија голема офанзива во растечкиот сегмент на спортски теренци и кросовери, што би значело дека во речиси секоја моделска серија ќе се нуди барем по една ваква верзија.

Претходна објаваPagani Huayra BC: Три илјади евра за една КС од овој автомобил
Следна објаваVolvo Amazon: Тој го градеше имиџот на шведската марка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here