Директорот за набавки потрошил 935.000 евра на концернот Volkswagen за приватни летови со службениот авион меѓу 2010 и 2013 година.
Првиот човек во набавките за концернот Volkswagen, 60-годишниот Франциско Хавиер Гарсиа Санц, морал да врати 935.000 евра кои ги потрошил на приватни летови со службениот автион на компанијата, во периодот меѓу 2010 и 2013 година. Една година подоцна, тогашниот шеф на надзорниот однор Фердинанд Пих ги забранил евтините летови на директорите во концернот.
Дотогаш менаџерите можеле да ги користат авионите на компанијата по цена на билет за бизнис класа во Lufthansa. Оваа цена била десетпати пониска од реалните трошоци за летовите. Пих бил загрижен дека даночните инспекции би можеле да се заинтересираат околу честите летови.
Во септември, поранешниот финансиски директор и актуелен шеф на надзорниот одбор, Ханс Дитер Печ, исто така мораше на компанијата да ѝ врати околу половина милион евра за своите приватни летови.
















