за

Швеѓани најавуваат електромобил за 15.000 евра

uniti-one-prezentacija

Неколку градски автомобили со погон на струја и со оригинална замисла моментно созреваат како стартап-проекти. Од Шведска наскоро пристига Uniti One, урбан електромобил со карбонска каросерија и досег до 300 километри. Голема е веројатноста дека електрични возила од „алтернативни“ производители ќе станат дел од уличната слика во блиска иднина.

Шведската компанија Uniti го претстави својот прв автомобил со погон на струја. Неговото име е исто толку едноставно, колку што е изгледот, но затоа најавената цена го привлекува сето внимание. Uniti One ќе стартува со испорака во 2019 година, по цена од 14.900 евра за основниот модел.

Освен со цената, урбаниот електромобил освојува и со ефикасноста на погонот. Производителот наведува дека One минува 300 километри со батерија од 22 kWh, што е половина од капацитетот на батеријата во Renault Zoe или Nissan Leaf. Со каросерија од карбон и примена на органски композити во кабината, тежината на возилото изнесува само 450 килограми.

Uniti One ветува свежа технологија со шведски квалитет на изработка

Идните сопственици ќе можат да го управуваат возилото преку џојстик. Uniti засега е единствен производител што ја нуди оваа можност. На располагање ќе стои и верзија со класично управување.

Сите неопходни чекори пред стартот се направени. Uniti One е доволно оригинален и иновативен за публиката да го регистрира постоењето на (идниот) автомобил, преостанува уште најважната фаза. Тоа е сериското производство.

Кога ќе се има предвид дека зад проектот стојат партнери како Nvidia, Siemens, E.On, Kuka, Borg Warner и други светски гиганти, голема е извесноста дека автомобилот ќе го здогледа светлото на денот, па веројатно и во најавениот термин. Специјалистот за роботика Kuka разработе и нов производствен процес, далеку поедноставен од традиционалното производство.

Uniti може да биде „Ikea“ меѓу новата генерација градски (електрични) автомобили

Швеѓаните планираат да развијат гама од моделски изведби со две, четири и пет седишта. Од оваа земја не може да се очекува друго освен квалитетно изработени и интелигентно конструирани автомобили. Плус, со погон на батерии. Основната изведба ќе чини 14.900 евра, додека за врвната моделска изведба ќе бидат потребни 19.900 евра.

Компанијата досега има добиено над 1.000 нарачки. Оваа бројка ќе расте рапидно по презентацијата на One. Резервацијата е повратна и чини 149 евра, со вклучена покана за пробните тестирања на возилото.

Uniti One веќе е изложен во бутик-салоните во Малме и Стокхолм, кои се поставени во филијалите на партнерот MediaMarkt.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

iveco daily blue power ван на годината

Чист издув му донесе на Iveco Daily титула на ван на годината

citroen tubyk

Концептен автомобил за 40.000 евра, тркачки Citroen за 20.000 евра