за

Ваква Toyota ни се вози по кризата: MR2 од 1984 година

toyota mr2 W10
toyota mr2 W10

Некогаш на автомобилите им се доволни две седишта за да напишат историја. Кога ќе се спомне „Mister Two“, фановите на спортските автомобили со уживање се присетуваат на двоседот Toyota MR2 – со средишно вграден мотор и погон назад.

Кога Toyota го прикажа спортското купе со клинеста форма и со мотор со тогаш мошне напредна 16-вентилска техника на салонот во Токио во 1983 година, како најава за идниот сериски модел, автомобилот предизвика општа сензација. Лесната машина за возачко уживање, со дводелен покрив што се отстрануваше и се сместуваше назад, овој двосед понуди нешто сосем поразлично од тогашната униформирана понуда на достапни спортски автомобили. Нормално, моделот беше подготвен за пазарен старт уште во јуни следната година.

Така почна глобалната серија од модели бестселери во три генерации. До 2007 година, Toyota MR2 беше точно погоден спој меѓу достапен автомбоил за уживатели во возењето, со практичност за во секојдневието и со робустност својствена за јапонското автомобилско производство.

Првата генерација на MR2 со своите 977 килограми и со моќност од 124 КС, ѝ донесе на Toyota повеќе од 320.000 нарачки за моделот со кодна ознака W10. Така почна да се гради успехот што подоцна доведе до тоа, Toyota MR2 да стане најпродаван јапонски двосед со средишно вграден мотор.

https://photos.app.goo.gl/diJYjMjb7tRvFcfe8

Моделската ознака MR2 се однесува на „Midship Runabout 2-seater“ (односно малечок спортски автомобил со две седишта и мотор во средина). Јапонците имаа идеја за ваков автомобил уште во 1976 година, додека погонската конфигурација со средишен мотор и погон назад, по пример на болидите во формула 1, предизвикуваше општо одушевување кај авто-ентузиајстите.

Модел од овој вид не беше новитет за Toyota, којашто претходно го произведуваше легендарниот Sports 800 во 1960-те години

Со дводелен отстранлив покрив, спортскиот двосед долг 3,95 метри и висок само 1,25 метар беше сензација во салоните во втората половина на 1980-те години. За подолги патувања користеа двата багажници, едниот напред, другиот назад.

Тоа што му даваше најголем кредибилитет на овој спортски автомобил беше неговата издржлива техника. Четирицилинарскиот 4A-GE со 16 вентили беше проверена машина во рели спортот и дури над 4.500 вртежи повлекуваше бурно, како многу посилните спортски модели во тоа време.

https://photos.app.goo.gl/ruV8b5jZ4afFbeG47

Спринтот до темпо сто траеше 8,1 секунди, што во средината на 1980-те беше способност само на скапите тркачи од Италија. Стрелката на брзиномерот запираше дури на 7.300 вртежи. Моторот ќе издржеше и многу повисоки вртежи, но и вака беше доволно. Денес на сцената може да се најдат бројни примероци кои имаат извозено далеку над 300.000 километри.

Пред заминувањето на првата генерација во 1989 година, Toyota се погрижи уште еднаш да го привлече вниманието. Верзијата со механички компресор што беше достапна од 1987 година, располагаше со 145 КС и забрзуваше до темпо сто за помалку од седум секунди.

MR2 со 600 КС: Црната ѕверка на Toyota за рели

Toyota MR2 (222D)
Toyota MR2 (222D)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes 500E на Мистер Бин се продаде за 27.540 фунти

Mercedes 500E на Мистер Бин се продаде за 27.540 фунти

Фабриките на Volvo во Кина се враќаат во погон

Volvo продолжува со работа од понеделник