Светскиот првак во производство на автомобили не само што останува во сегментот на градските автомобили, туку подготвува и целосна промена на тоа што досега се доживуваше под поимот мал автомобил. Најава за наследникот на Toyota Aygo.
Toyota преку концептот Aygo X Prologue го испитува пазарот дали има место за кросовер во сегментот на градските автомобили. Со 3,7 метри должина и 1,5 метар висина, тој е по малку подолг и повисок од сегашниот Aygo. Повеќе корист ќе има од дополнителните 9 сантиметри во меѓуоскиното растојание (2,34 метри), кои по правило треба да донесат повеќе простор во кабината.
Малечкиот кросовер има весела појава и остава малку поагресивен впечаток од сегашниот модел. Дизајнерите на Toyota ценат дека автомобилите во овој сегмент досега се правеа да изгледаат „преслатки“ и сакаат да го сменат тоа со Aygo X Prologue. Носечка идеја за време на созревањето на дизајнот било да се „зачини“ изгледот, открива Јан Картабиано, шеф на дизајнерското студио на Toyota во Ница, Франција.
https://photos.app.goo.gl/nCoZ1FZeHd3nmnss8
Toyota уште не потврдува дека X Prologue ќе влезе во сериско производство. Но, сосем е извесно дека наследник на Aygo ќе има, затоа што јапонската компанија неодамна најави нов модел во таа класа, којшто ќе користи иста платформа со Yaris и со неговата изведба Yaris Cross. Стратезите на Toyota обично не грешат и нивните концептни автомобили досега редовно доживувале сериско производство.
Aygo X prologue во основата го прикажува дизајнот на идниот Aygo, доколку се отстранат пренагласените крила и се замислат помали тркала од 19 инчи кај студискиот автомобил.
https://photos.app.goo.gl/UtH2gfWV2pfNgWRV9
https://photos.app.goo.gl/UwFu7hp2qd8dPYPB7
https://photos.app.goo.gl/PgwKJec8bQZcU1rH7
















