За Женева се најавуваат силни премиери што ќе го потресат светот на четири тркала. Од нив се откриваат само детали, се држи неивесност. Нo, зошто Toyota смета дека треба да го држи во тајност изгледот на новиот Aygo?
Јапонците и Французите се верни другари кога станува збор за малечките автомобили. Нивните Toyota Aygo, Peugeot 108 и Citroen C1 се малечите големи херои што ја одредија градската слика во многу европски метрополи во последниве пет шест години.
Полека дојде време да се појави на новата генерација на тројката што се произведува во заедничката фабрика на Toyota и PSA Peugeot Citroen во Чешка. Први реагираа од маркетиншкото одделение на Peugeot, со објавувањето на фотографиите од новиот Peugeot 108. Автомобилчето изгледа симпатично, а од техниката се очекува да биде штедлива и издржлива.
Денес фотографија објави и Toyota, но нивните експерти за анимирање на јавноста повеќе сметаат дека треба да го држат новитетот во тајност и на нивната фотографија се гледаат јасно само маската и диодната лента во предните светла. Сосема е доволно. Исто како и досега, трите братски модели ќе се разликуваат само во светлата. Според тоа, околу изгледот на Aygo нема повеќе ништо мистериозно. Само треба да се погледнат светлата и да се замислат кај „нормално објавениот“ Peugeot 108. Зошто тогаш оваа смешна ситуација со објавување на „тизер“ од возилото што својата кариера ќе продолжи да ја гради како евтин и издржлив автомобил? Да беше наследникот на Supra, тогаш ќе имаше многу повеќе смисла светот да се држи во неизвесност.
Повеќе детали околу техниката на новиот Aygo ќе следуваат пред премиерата на 4-ти март на салонот во Женева. Инаку, симпатично ќе биде и ова Aygo.