Toyota продаде седум милиони автомобили со хибриден погон

Светската продажба на хибридни возила на концернот Toyota достигна седум милиони примероци. Продажбата расте, за само девет месеци се испорачани милион возила.

Никогаш досега хибридните возила на Toyota не се продавале со побрза динамика отколку во последните девет месеци. Првпат јапонскиот концерн продаде милион возила со „две срца“ за толку кус период. Toyota на светскиот пазар нуди вкупно 27 модели со хибриден погон и еден хибриден модел со надворешно полнење на батериите. Во оваа и во следната година се планира во понудата да влезат уште 15 нови модели.

Јапонскиот производител наведува дека со седумте милиони хибридни возила од марките Toyota и Lexus се заштедени 18 милијарди литри бензин, односно Земјата е поштедена од 49 милиони тони јаглероден диоксид. Просечната еисија на СО2 на целата палета од хибридни модели на Toyota изнесува помалку од 90 грами на километар.

Понудата на хибридни модели на Lexus
Понудата на хибридни модели на Lexus

Претходна објаваЕксклузивна воведна серија во 2.000 примероци на Fiat 500X
Следна објаваВо ЕУ секој ден се крадат по 600 автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here