Веста на годината пристига пред завршетокот на годината. Националниот автомобил на Турција е прикажан гордо пред светот, претседателот Ердоган присуствуваше на претставувањето на првиот турски автомобил од марката Togg.
Долгиот сон на турската политика и економија се претвори во реалност. Денес светот го доби првиот автомобил изработен самостојно со турски инженеринг. Пет домашни концерни, заедно со Унијата на коморите и берзите на Турција, кон крајот на јуни 2018 година се соединија во заедничкиот проект означен кусо со Togg, од Türkiye’nin Otomobili Girişim Grubu.
Првиот успех доаѓа по само една и пол година. Турскиот претседател Ердоган денес го разгледа прототипот во ИТ-долината Гебзе, пандан на Силиконската Долина, во покраината Коџаели. Тоа што му дава дополнителна тежина на овој успех е погонот на автомобилот. Станува збор за автомобил со електричен погон, чиешто сериско производство ќе започне во 2022 година. Името ќе биде објавено во 2020 година.
„Денес го доживеавме историскиот ден за нашата држава, доживеавме како еден 60-годишен сон станува реалност,“ објави Ердоган. Претседателот долго време имаше желба за турска автомобилска марка, кој цени дека Турција заслужува многу повеќе, отколку само да склопува автомобили на други производители. Првиот обид да се воспостави сопствената автомобилска марка пропадна, со Devrim во 1960-те години.
Турција вложува во производство на автомобили и во развој на нови техниологии со цел да се надмине економската криза
Земјата на Босфор има цел да прерасне во предводник во развојот на модерни технологии за мобилност, иако веќе извесно време се наоѓа во економска криза. Постојат многу пречки што мора да се надминат, додека Турција даде компании што ќе бидат релевантни и моќни во поглед на актуелната и идната мобилност, од ковот на Tesla или Google. Потенцијалот за тоа треба да се ослободи преку големи инвестиции.
Планирани се три различни модели и пет различни каросериски изведби: Лимузина, комбилимузина, комби, родстер и СУВ. Денес беа претсавени СУВ-моделот и лимузината. Моќноста на електричната погонска спрега ќе изнесува 200 КС, за изведбите со заден погон, односно двојно повеќе во изведбата со електромотор и на предната сите тркала. Спринтот од место до темпо сто во посилната изведба ќе трае само 4,8 секунди, односно 7,6 секунди во послабата изведба.
Досегот во зависност од изведбата ќе се движи меѓу 300 и 500 километри. Секако дека батериската техника ќе подржува и приклучување на брзи полначи, на кои наполнетост од 80% ќе се постигнува за триесетина минути. Гаранцијата за техниката, вклучувајќи ја батеријата, ќе изнесува осум години.
Турскиот дизајнер Мурат Гунак избра три дизајни од вкупно 18 проекти од домашни студија кои учествуваа на конкурсот; Во предната маска и во бандажите се препознава лалето, симболот на анадолската почва
Производството ќе се одвива во нова фабрика во милионската метропола Бурса, кадешто ќе бидат вложени 22 милијарди турски лири, односно околу 3,4 милијарди евра. Изградбата на фабриката со површина од еден милион квадратни метри ќе започне во 2021 година. Според Министерството за индустрија и технологија, сериското производство се планира да започне кон крајот на 2022 година. Турција ќе го подржува проектот до 2032 година, преку државна помош и субвенции. Togg ќе произведува 175.000 автомобили годишно и ќе вработува 4.300 лица.
Фабриката за електрични автомобили оди во корист и на мрежата од добавувачи, којашто е мошне развиена во земјата. Добавувачите на компоненти очекуваат дека нивната паралелна инвестиција во производство на делови за Togg ќе се исплати за период од околу три години. За автомобилите од странските производители се плаќаат големи давачки на големиот пазар. Засега уште нема официјални информации за цената на возилата од Togg, како и за нивното ослободување од високи давачки.
Пет моќни компании обезбедуваат финансиска поддршка за проектот, но и државата ќе учествува со субвенции и државна помош до 2032 година
Во Togg учествуваат пет познати турски компании, сите со учество од по 19 проценти. Две компании имаат долгогодишно искуство во автомобилското производство. Тоа се Anadolu Grubu, кои произведуваат доставни возила и камиони во соработка со Isuzu Motors, и BMC, коишто се меѓу најголемите производители на товарни возила во земјата. Во проектот учествуват уште Kiraca Holding, меѓу другото активни и како добавувачи за автомобилската индустрија, Turkcell (моќна компанија за телекомуникации) и Zorlu (трет најголем индустриски и финансиски холдинг). Koc и Sabanci, двата најголеми концерни во мешовита сопственост, не учествуваат во проектот на турскиот национален автомобил.
Освен во електричниот погон на возилата, многу се вложува и во вмрежувањето, односно во неговото изведување како „паметен автомобил“, преку примена на IoT-технологија. Во план е автомобилите да поседуваат и напредни функции на автопилот. Амбицијата е возилото да им парира на водечките производители во ерата на електромобилноста и автономното возење, како Tesla и големите германски и азиски концерни.
За дизајнот на автомобилот се погрижи италијанското традиционално студио Pininfarina, на коешто бројни автомобилски куќи му веруваат уште од 1930-те години. Дел од компонентите во електричниот автомобил исто така ќе пристигаат од странски компании, на пример, батеријата.
Снимка од претставувањето на електричниот Togg во турската „Силиконска Долина“
#TürkiyeninOtomobili görücüye çıkıyor. #YeniLigeYolculuk#TOGG https://t.co/S4xwwZF2Q7
— Türkiye’nin Otomobili (@TOGG2022) December 27, 2019
Заедно со СУВ-моделот беше претставена и лимузинската изведба врз електричната платформа
Yeni Lige yolculuğum başladı…
Teşekkürler Türkiyem!#TürkiyeninOtomobili C-SEDAN Konsept#YeniLigeYolculuk#TOGGhttps://t.co/JKIdgmkU8Y pic.twitter.com/xWz0aSIkX7— Türkiye’nin Otomobili (@TOGG2022) December 27, 2019
Првиот турски автомобил беше Devrim во 1960-те години, но проектот не постигна успех
Devrim mühendislerine saygıyla…#YeniliğeYolculuk#TürkiyeninOtomobili#TOGGhttps://t.co/JKIdgmkU8Y pic.twitter.com/skynddW386
— Türkiye’nin Otomobili (@TOGG2022) December 26, 2019