за

Tesla првпат со квартална добивка од преку милијарда долари

Светскиот недостиг од чипови и тесните грла во снабдувањето со суровини не го попречија напредокот на Tesla. Американскиот производител на електрични возила првпат прикажа квартална добивка што е повисока од една милијарда долари.

Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот
Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот

Меѓу 1-ви април и 30-ти јуни, компанијата имала приход од 1,1 милијарда долари. Тоа е десетпати повеќе од вредноста што Tesla ја постигна во истиот период лани. Прометот се зголеми двојно, на дванаесет милијарди долари.

Кварталните резултати на компанијата на Илон Маск се далеку над прогнозите на аналитичарите. Tesla постигна рекорди и во поглед на испораките на возила и производството. Пионерот на електромобилноста им испорачал 201.304 возила на своите клиенти и произвел 206.421 електрични автомобили во вторниот квартал.

Калифорнискиот електро-специјалист ги потврди прогнозите за следните години. Се очекува просечен годишен раст од 50 проценти во бројот на испорачани возила. Со текот на годините, продажбата ќе расте уште попрогресивно.

Во меѓувреме напредува фабриката во близина на Берлин, како и втората фабрика во САД, во Тексас. Во двете фабрики се очекува уште во текот на годинава да стартува производството на Tesla Model Y. Во корист на овој модел се одложува стартот на испораките на електричниот камион Tesla Semi Truck за 2022 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата генерација на ванот Citan ќе биде вистински Mercedes-Benz

Пристигна Fiat 500 Cabrio Dolcevita – убавина што го одзема здивот