Возачи во САД се забавуваат со дизелски чад, Tesla омилена мета

tesla дизелски чад
tesla дизелски чад

По патиштата низ САД честопати се случуваат провокации од секаков вид кон возачите на Tesla и полначите за струја. Нов тренд е испуштање облаци од чад, сосем е нормално што чистите и тивки возила на калифорниската марка електрични возила се главна мета.

Дизелот ги освојува американските улици, барем што се однесува до наоѓањето нова забава за возачите. Некои од нив ги преправаат своите возила со дизел мотор на тој начин што со притискање копче можат одеднаш да испуштат буквално цели облаци од чад. Еден од условите за тоа е отстранување на филтерот за честички гареж.

Доведувањето прекумерна количина дизел во моторот резултира со црни облаци од издувот. Омилена мета на возачите со дизели преправени на овој начин се електричните и хибридните автомобили. Во американското општество што се базира врз масовна потрошувачка на фосилни горива, автомобилите што трошат малку гориво и имаат чист издув се гледаат како еден вид непријатели на системот. Затоа често се јавуваат вакви „протести“ кон еко-возачите и нивните возила. Веќе пет години постои и забрана во САД, за вршење каква било преправка врз издувниот систем на возилата.

Снимка на јутјуб многу верно покажува како изгледаат ваквите напади. Станува збор за голем пикап со преправен издув, од кого се шири огромен црн облак кон Tesla. Сцената се одвива во Мајами, на Флорида. Возачот на пикапот намерно се престројува, со цел чадот точно да ја „погоди“ електричната Tesla.

Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето

Претходна објаваVolvo ја доби најголемата нарачка за електрични автобуси
Следна објаваHonda Civic е подготвена за новото моделско годиште

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here