за

Tesla не планира сервисен повик по серијата пожари

Шефот на Tesla смета дека неколкуте повторени случаи на пожар не претставуват повод за сервисен повик на возилата.

Имиџот на Tesla претрпе голема загуба по трите случаи на пожар на нејзините електрични возила. Шефот Илон Маск сепак смета дека овие инциденти не претставува повод за сервисен повик на возилата. Не постои причина за тоа, изјави милијардерот во едно интервју што беше пренесено на американската телевизија. „Дефинитивно нема да има сервисен повик.“

Три примероци на Tesla S се запалија

Од минатиот месец се запалија три електрични возила на Tesla од типот Model S. Во два случаи возилата поминале преку предмети што биле паднати на патот, од што се оштетиле батериите. За третиот случај сé уште нема официјален став од американското министерство за сообраќај.

Илон Маск: Ризикот за пожар е петпати помал отколку кај бензинците

Маск изјави дека опасноста од пожар кај Model S е петпати помала отколку кај возилата со обичен бензински мотор. Тој исто така коментираше дека падот на курсот на акциите на њујоршката берза е „по малку вознермирувачко“. Од први октомври, акциите изгубија речиси 30 проценти од вредноста, откако во претходните девет месеци забележаа рапиден раст. Во вторникот, акциите паднаа за близу пет проценти, на 137,80 долари. Според Маск, акциите сепак пораснале во вонберзанското тргување за 1,7 процент.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

На овие автомобили им се позлати воланот

Новиот Prius ќе личи на студијата NS4