Стелантис ќе произведува повеќе возила во Италија, доаѓаат нови модели

Производство на Фиат Панда во фабриката на Стелантис во Помиљано. Од 2028 година, тука ќе се произведуваат два нови модели, целта е да се зголеми продукцијата во Италија.

Италијанскиот министер за индустрија, Адолфо Урсо, вети дека Италија в година ќе вложи преку 1 милијарда евра за да му помогне на својот автомобилски сектор што е западнат во криза. Тоа е исходот по повеќе месеци затегнати односи со концернот Стелантис, од чијшто марки доаѓаат речиси сите автомобили што се произведуваат во земјата.

На состанокот во Рим, Урсо ги покани претсавниците на Стелантис, добавувачите и работничките синдикати, за да го потпишат договорот со којшто ќе се врати моќта на производството на автомобили во Италија.

Два нови компактни модели врз платформата СТЛА Смол почнувајќи во 2028 година

Стелантис ќе произведува најмалку два компактни модели во својата фабрика во Помиљано, во јужна Италија, каде што концернот ќе ја воведе платформата СТЛА Смол во производство во 2028 година. Импарато го соопшти тоа на состанокот.

Тој додаде и дека Џип Комппас, Ланчиа Гама и ДС7 – три компактни модели врз платформата СТЛА Медиум што се закажани да влезат во производство во Мелфи, јужна Италија – ќе се произведуват во изведба со целосно електричен погон, но и со хибриден погон.

Покрај моделите што беа најавени на 17-ти декември, Стелантис ќе произведува и нова изведба на електричниот Фиат 500 ЕВ, но со хибриден погон. Моделот ќе се произведува во фабриката Мирафиори, во Торино. Поради забавената побарувачка, откако Германија и други големи пазари ги откажаа субвенциите, фабриката мина поголем дел од есента во мирување.

Производство на Џип во Мелфи, Италија. Стелантис најави дека во фабриката ќе произведува три идни модели, како во целосно електрична, така и во изведба со приклучен хибриден погон.

Односите со Рим се подобрија по заминувањето на извршниот директор на Стелантис, Карлос Тавареш

Расположението меѓу Сетлантис и десничарската влада на Џорџија Мелони зналително се подобри, по ненадејното заминување на извршниот директор на концернот, Карлос Тавареш, во почетокот на месецов.

Италијанските политичари долго го обвинуваа Тавареш дека ги запоставува историските фабрики во земјата и производството на новите модели на Фиат и Алфа Ромео го преселува од Италија.

Стелантис е единствениот големоволуменски производител на автомобили во Италија, каде што директно за концернот работат околу 40.000 лица.

Се очекува дека фабриките во Италија ќе ја завршат годинава со помалку од 500.000 произведени возила, според процените на синдикатот ФИМ-Цисл. Лани во земјата беа произведени 751.000 возила.

Ветувањето на Импарато дека ќе го зголеми производството во Италија може да остане неиспоолнето поради тоа што голем дел од фабриките на Стелантис во Европа работат со неискористен капацитет. Причина за тоа е забавената побарувачка за електрични автомобили, како и општото слабеење на европскиот пазар, чијшто обем се смали значително во споредба со 2019 година, пред пандемијата.

Претходна објаваЦените на бензинците и дизелите растат, попусти за електричните
Следна објаваНисан и Хонда преговараат за можно спојување, доаѓа и Мицубиши

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here