Кампери масовно си заминуваат од Шпанија

Кампери масовно си заминуваат од Шпанија
Кампери масовно си заминуваат од Шпанија

Илјадници возила за кампување ја напуштаат Шпанија поради вирусот корона. Сите автоплацеви во земјата се затвораат.

Воведувањето на нови заштитни мерки во Шпанија против корона-пандемијата буквално протера илјадници љубители на кампувањето од земјата. Туристи од Германија, Холандија, Франција, Британија и од Швајцарија, по традиција ја минуваат зимата под сонцето на Иберискиот Полуостров. Повеќето уживаат во своите пензионерски години. Но, овој рај под сонцето, мора да се напушти итно.

На 26-ти март се затвораат сите сместувачки капацитети во земјата. Причина за тоа е прогласувањето вонредна состојба поради вирусот корона. Со државен декрет се затвора секаков вид туристички објекти, од хотели, до викендички и одморалишта, до автоплацеви. Нови гости не се примаат уште од 18-ти март.

Но, како и обично, полесно е да се каже, отколку да се направи. Заминувањето на камперите воопшто не е едноставно, затоа што повеќето од нив се организирани за повеќемесечен престој. Тие имаат направено цели градини, опремени со мебел, а честопати во „возниот“ парк поседуваат и глисери, скутери, велосипед за секого. Не е лесно кога сето тоа треба да се спакува одеднаш и луѓе на возраст над 65 години треба да се организираат за патување долго неколку илјади километри.

Притоа мора да се почитуваат и правилата на однесување во кризата. Патниците смеат да ги напуштаат возилата само по еден, а исто така е пропишано и само по едно лице да влегува во супермаркетите или на станиците за точење гориво. Мора да се почитува и одржување растојание од два метри. Тоалетите најчесто се затворени, за да се спречи ширење на заразата.

Претходна објаваДоставните комбиња на Volkswagen не знаат за пауза во време на криза
Следна објаваVolvo ја проширува понудата од модели со благ хибриден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here