за

Словачка произведува најмногу автомобили по жител во светот

фабрика словачка Kia Motors
фабрика словачка Kia Motors

Словачка во иднина ќе се посвети повеќе на развојот на автомобили. Земјата произведува повеќе автомобили по жител од која било друга земја во светот.

Автомобилската индустрија во Словачка во иднина повеќе ќе се посвети на развој на возила и на тој начин ќе ја зголеми својата конкурентност. Министерот за надворешни работи Мирослав Лајчак изјави за германската новинска агенција, „не сакаме повеќе да нé ценат само како место во коешто се составуваат деловите.“ Првиот словачки амбасадор го објаснува правецот кон когошто ќе цели земјата: „Сакаме да нé ценат и како место, во коешто се донесуваат решенија за иднината и се размислува како ќе изгледа автомобилот на иднината.“

Државата членка на ЕУ планира да воведе неколку измени во структурата на домашната автомобилска индустрија, којашто во моментов се сведува главно на монтажа. „Сакаме повеќе да се посветиме на истражување и развој“, изјави Лајчак за време на годишното собрание на Светскиот економски форум во Давос.

Според словачкиот министер, фабриката што Volkswagen планира да ја изгради во Турција нема последици врз словачката автомобилска индустрија: „Ништо не губиме. Мошне сме задоволни од присуството на Volkswagen во Словачка.“

Статистички, секој десетти жител на Словачка лани произвел по два автомобила

Земјата со 5,4 милиони жители има највисока продукција на авотмобили по глава на жител во светот. Во 2019 година, во фабриките на Volkswagen во Братислава, на Peugeot PSA во Трнава, на Kia во Жилина, а од неодамна и во фабриката на Land Rover во Нитра, произведени се вкупно 1,1 милион автомобили. Според пресметките на домашната автомобилска асоцијација, тоа дава сооднос од 202 произведени автомобили на секои 1000 жители.

https://www.instagram.com/p/ByaDw52o0GH/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyndai Kona Electric го симна кинескиот електромобил од врвот

Hyundai Kona Electric го симна кинескиот електромобил од врвот

Mercedes E-Class

Новиот Mercedes E-Class со половина од новитетите на идниот S-Class