Започна производството на новата Skoda Octavia

Започна производството на новата Skoda Octavia
Започна производството на новата Skoda Octavia

Во матичната фабрика во Млада Болеслав започна производството на новата Skoda Octavia. Откако првпат беше воведено ова моделско име во 1959 година, продадени се повеќе од 6,5 милиони примероци. Моделот е особено популарен во својата класа во Чешка, Астрија, Финска и Швајцарија.

Првиот сериски автомобил од четвртата генерација на Octavia денес ја напушти производствената линија во фабриката на Skoda во Млада Болеслав. Чешката марка ветува повеќе простор, безбедност, поврзување и емоции кај новото издание на својот бестселер. Годишната продукција на Octavia досега е движеше околу 400.000 примероци.

Новата Octavia се произведува во халата M13. Секој ден оттаму ќе излегуваат по 1.150 примероци од автомобилите од моделската серија. Octavia имаше премиера на 11-ти ноември во Националната галерија во Прага.

Неколку технологии пристигаат првпат во марката. Octavia е прва Skoda во којашто може да се доплати за проекциски дисплеј.

Octavia е веќе достапна за нарачки за чешкиот пазар, кадешто моментно се нуди само комби изведбата. Во изведба со 1,5-литарски TSI со 150 КС, мануелен менувач и основно ниво на опрема Ambition, новиот модел чини 636.900 чешки круни или околу 24.900 евра.

Новата генерација на Skoda Octavia преоѓа во класа погоре

Skoda Octavia nova

Претходна објаваЈубилеј за Mercedes S-Class: Половина милион луксузни лимузини од тековниот модел
Следна објаваGreat Wall ќе ги произведува електричните модели на Mini за Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here