Продажбата на комби изведбата од новата Octavia уште не земала замав, а веќе следува првиот успех. Skoda освои повеќе бодови од комбито од класата C на Mercedes на тест во Германија.
Со четири ипол од максимални пет ѕвездички, Octavia Combi е победник во споредбениот тест со моделот T од класата C на Mercedes, кој тестот на германскиот магазин Auto Bild го заврши со четири ѕвездички. Чешкото комби победи и во категоријата на практичност, каде што се оценуваат лесниот пристап, правилната положба при седење, кругот на вртење, приспособливоста на кабината и ракувањето во целина.
Магазинот Auto Bild ја оцени позитивно искористеноста на просторот и подобрата просторна понуда на задната клупа, како и во багажникот. Пофалби добија динамичното, а сепак комфорно возење, како и за еден литар пониската потрошувачка на гориво на Octavia Combi 1.8 TSI со 180 КС, во споредба со C 200 T со 184 КС. Притоа, цената на народната марка Skoda е за околу 12.000 евра пониска отколку на престижниот Mercedes.
Резултатот од тестирањето сепак нема да ги наведе традиционалните купувачи на марката со ѕвездата да се префрлат во салоните на Skoda, но во секој случај говори добро за чешката марка.