Mercedes доби најдобра оцена во истражувањето што Schwacke го спроведува секоја година меѓу дилерите на автомобили во Германија. Во таканаречениот Schwacke монитор, марката со сребрената ѕвезда доби води пред BMW и Audi.
Дилерите на Mercedes дадоа најдобри оцени за својата марка во последното истражување за задоволството на германските дилери што го спроведува познатиот Schwacke. Со просечна оцена 1,94 (1 најдобра, 6 најслаба оцена), во категоријата на премиум-марки, швабите постигнаа значаен напредок во споредба со минатата година и ја зголемија разликата во однос на конкурентските марки BMW (2,32) и Audi (2,46). Кај големоволуменските марки годинава води Ford со оцена (2,54), пред ланскиот победник Volkswagen (2,57).
Ако задоволството на дилерите се пренесува на купувачите …
Меѓу увозните марки, најмногу напредуваше Toyota. Јапонскиот производител се искачи за две места и сега го држи првото место со просечна оцена 2,25. Со голем заостаток следи Skoda. Во категоријата на „мали увозници“, третпат во низа победува Volvo. Со крајна оцена 2,23, германските договорни партнери на Volvo се уште позадоволни отколку лани, кога исто така беше постигнат голем напредок.
Schwacke – монитор: Од сите марки во Германија, единствено дилерите на Fiat се незадоволни
Кај маловолуменските марки води Porsche. Победник во „истрајност“ е Mitsubishi. Во оваа категорија се наградува постојаниот напредок во подолг временски период.
Schwacke ги анкетира дилерите на автомобилските марки во Германија за задоволството од нивната соработка со производителите на возила и увозниците. Основа за најголемата студија за задоволството на дилерите на светско ниво е анкетата на околу 1.000 дилери, во периодот од мај до август годинава.
Schwacke – монитор опфаќа анкетирање на задоволството на автомобилските дилери во Германија во повеќе критериуми: Производ и марка, продажна политика, постпродажба, трговија со користени возила, мрежна политика и општа соработка.
Германска големо-волумен. |
Германска премиум |
Големи |
Мали |
Ниско-волумен. марки |
|
Задоволни дилери |
Mercedes 1,94 BMW 2,32 Audi 2,46 |
Toyota 2,25 Skoda 2,42 |
Volvo 2,23 Mitsubishi 2,31 Mazda 2,39 |
Porsche 1,98 Smart 2,20 Mini 2,29 |
|
Индиферен-тни дилери |
Ford 2,54 VW 2,57 Opel 2,63 |
Seat 2,60 Hyundai 2,73 Renault 2,74 Nissan 2,77 |
Subaru 2,57 Dacia 2,62 Kia 2,64 Peugeot 2,75 Suzuki 2,77 Citroen 2,83 Honda 2,87 SsangYong 2,88 |
Jaguar Land Rover 2,62 |
|
Незадово- |
Fiat 3,01 |
1 = најдобра оцена, 6 = најслаба оцена