Рено лакираше 100 Кангуа во зелена боја специјално за Јапонија

Рено Кангу ужива култен статус и широк круг обожуватели во Јапонија. За да го негува тој култ, францускиот производител изработи специјална изведба со посебнa боja.

Рено Кангу на тукашните пазари главно важи како возило за вредни занаетчии и за семејства на коишто им е потребно многу простор и не можат да трошат многу за возило. Во Јапонија, Кангу е култен автомобил.

Најголемиот собир на сопственици на Рено Кангу во светот не се одржува ниту во Франција, ниту во Шпанија, или каде било низ Европа, туку во Јапонија. Кангу таму има статус на лајфстајл автомобил и основа е на широк круг на обожуватели. Уште од 2009 година, во подножјето на планината Фуџи се собираат Кангуовците.

Јапонските возачки и возачи посебно ги сакаат дречливите бои на доставно/патничкиот модел. Поради тоа, Јапонија изработи специјлна изведба Кангу Колор, наменета само за тамошниот пазар.

Додека специјалните модели, на друго место и од друга марка, обично доаѓаат со многу додатоци и со посебни обележја, што ја качуваат цената, Кангу Колор е многу едноставен, практично е најосновната изведба на моделот.

Место тркала од лесен метал, тука се користат црни челични тркала од 16 инчи, на коишто се монтирани гуми за сите сезони, а браниците не се лакирани. Освен бојата, специјалниот модел го откриваат диодните светла и кровните шини.

Главното обележје секако е дречливата зелена боја, што Рено ја води под Верт Форе, односно боја на француските шуми. Не е првпат Рено да понуди специјално бојадисани серии за Јапонија. Гранд Кангу се нуди во темнозелена и поштенска жолта боја, ограничени на 50 примероци.

За погонот може да се избира меѓу 1,3-литарски бензинец со 130 КС и седумстепен менувач со двојна спојка, и 1,5-литарски турбодизел со 115 КС и рачен менувач. Стандард е Екстендед Грип, односно контрола на тракција, за полесно поаѓање и за возење на лизгава подлога, како снег, кал или песок.

Рено Кангу Колор ќе се изработи само во 100 примероци и само за Јапонија. Заинтересираните купували претходно треба да се регистрираат, за да учествуваат во извлекувањето на добитниците.

Кангу Колор чини 4.390.000 јени, односно околу 23.500 евра.

Претходна објаваФолксваген пречекува со 4 светски премиери на салонот во Пекинг
Следна објаваДо 9.500 евра: Франција ја зголеми субвенцијата за електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here