Го препознавате овој автомобил?

Reliant Robin 1968 Only Fools and Horses Del Boy Rodney

Овој Reliant Robin може да стане најскапиот примерок од својата „сорта“, на наддавањето што ќе се случува во ноември. Жолтиот и најчесто извалкан тритркалец стекна светска слава во серијата „Сплетки“ со Дел Бој и Родни.

Најпопуларниот примерок од Reliant Robin ќе биде понуден на наддавањето што се одржува во средината на следниот месец во Бирмингем. Ѕвездата од легендарната серија на Би-би-си, жолтиот Reliant Robin од 1968 година, се вбројува меѓу најпрепознатливите и обожувани класичари на малиот екран. Тритркалецот ги превезуваше Дел Бој и Родни низ нивните авантури во урнебесната серија „Сплетки“.

Скромната автомобилска креација со ознаки „BWC 94F“ последен пат се појави во божикното издание „Да нé видеа сега“ во 2002 година, како и на ди-ви-ди изданието „Приказната за сплетките“.

Reliant Robin 1968 Only Fools and Horses Del Boy Rodney 1

Reliant Robin на Дел Бој се вбројува меѓу највпечатливите автомобили во историјата на комедиите на Би-би-си. Сосем е извесно дека трициклот ќе го привлече вниманието на широката публика на наддавањето. Тоа не значи друго освен – спектакуларна цена.

Најславниот примерок на Reliant Robin доаѓа со ексклузивна дополнителна опрема

Автомобилот создаден со едно тркало помалку и денес се наоѓа во истата состојба како во серијата, со плиш со тигреста шара на седиштата и со налепниците „Trotters Independent Trading Co“. Опремата вклучува лист со натпис „се враќам веднаш“ на ветробранот, багажник на покривот и куфер, чифт крзени коцки и неколку кукли на надувување.

Reliant Robin 1968 Only Fools and Horses Del Boy Rodney 2

На моторот е извршен ремонт, заменет е менувачот, вграден е ди-ви-ди и касетофон, па дури и машина којашто го создава чадот од издувната цевка. За идните сопственици има уште важно историско поглавје и доказ за издржливоста на возилото. Robin учествуваше на релито од Лондон до Брајтон во 2001 и 2004 година.

Со изминати 71.778 милји (околу 115.000 километри), ванот со три тркала доаѓа со оригиналниот прирачник, важечка регистрација и потврда за автентичност.

Претходна објаваОвој Lexus можеше сам да се довезе до салонот во Токио
Следна објаваДодека Скопје повторно се души: Во Стразбур само со еколошка вињета

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here