За четири месеци продадени 1,5 милион електрични автомобили во светот

Во Швајцарија од воз право во Tesla

Според деталните статистики за светскиот пазар, Tesla во периодот од јануари до април има продадено повеќе електрични автомобили од која било друга автомобилска марка.

Иако конкуренцијата се зголемува и притисокот расте, пионерот на електричните автомобили Tesla останува неприкосновен како најголем производител на автомобили на струја во светот. Дури и во конкуренција на модели, Tesla пак ја предводи трката.

Меѓу јануари и април, калифорнискиот специјалист продал 216.079 возила на светскиот пазар. Второто место меѓу најпродаваните електрични марки му припаѓа на кинескиот GM-Wuling, кој во истиот период продал 133.720 возила. Volkswagen веќе е на третото место, со 89.655 продадени чисто електрични и приклучни хибридни автомобили.

Во статистиката се опфатени и приклучните хибриди, односно хибридите со приклучок за полнење на батеријата. Во оваа категорија води BMW, со вкупно продадени 83.885 возила со приклучен хибриден погон, следи кинескиот BYD со 78.690 примероци, а одлично напредува и Mercedes со дури 72.139 возила. Не изненадува високото четврто место за Volvo со 63.375 примероци, за по него да следи кинескиот SAIC MG-Roewe (57.713), Audi (47.715) и Peugeot со 39.329 примероци.

Во најинтересната категорија, најпродаван модел со погон на струја, пак води Tesla

Најпопуларен електричен модел во првите четири месеци од годинава е Tesla Model 3 со вкупно 141.696 примероци. Втор е кинескиот Wuling Hongguang Mini EV, воедно и најдостапен електромобил во светот, со 125.925 примероци, за на третото место пак да следи модел на калифорниската марка, Tesla Model Y со 72.296 примероци. Само овие три модели држат 23 проценти од светскиот пазар на чисто електрични и приклучни хибридни автомобили.

Претходна објаваЕлектричната Dacia чини 10.920 евра во Германија, првите испораки наесен
Следна објаваPorsche Taycan се продава исто колку „911“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here