Тесла беше најпродавана марка на батериски електрични возила во Европа во јуни, оставајќи го зад себе слабиот мај, кога беше 4-та најпродавана марка, по Фолксваген, Шкода и БМВ.
Производителот од САД продаде 32.605 возила во јуни, постигнувајќи големо предимство пред Фолксваген, БМВ и Шкода. Тоа го покажуваат првичните податоци за продажбата на нови возила во ЕУ, ЕФТА и ОК, според агенцијата Датафорс.
Од водечката четворка, Тесла беше единствена марка чијашто продажба е намалена, со пад од 21 проценти, додека Фолксваген напредуваше за 9,5 проценти, БМВ за 16 и Шкода за дури 189 проценти.
Шкода го искористи залетот од продажбата на целосно електричниот компактен СУВ-модел Елрок, којшто постигна 9.480 продажби во минатиот месец. Тоа се 61 проценти од вкупната продажба на БЕВ-возила на Шкода во јуни.
Јуни беше уште месец со одлична продажба на БЕВ. Во минатиот месец во Европа биле продадени 224.154 возила или за 14 проценти повеќе од истиот месец лани, покажуваат податоците од Датафорс.
Фолксваген и Тесла се најпродавани електрични марки во првото полугодие
Батериски електрични модели што ја предводеа продажбата во првото полугодие се Тесла Модел Ипсилон и Модел 3, по коишто следат три модели од семејството ИД на Фолксваген, со што се заокружува водечката петорка.
За шест месеци биле продадени 1.177.051 батериски електрични возила во Европа.
Во јуни продолжи да напредува и продажбата на приклучни хибриди, со раст од 37 проценти и продадени 108.062 возила.
Во првото полугодие биле продадени преку 583.000 приклучни хибриди, за 21 проценти над истиот период лани.
















