Избувнувањето на вирусот корона ќе влијае врз кинескиот автомобилски пазар повеќе отколку што се очекуваше досега. Бројките за продажбата вторпат се коригираат годинава.
Според процените на здружението на производители на автомобили, кинескиот пазар годинава ќе напредува многу послабо отколку што се очекуваше. За тековната година се предвидува продажбата да се смали за осум проценти.
Кинеското здружение на производители на автомобили веќе вторпат годинава ги коририраше предвидувањата за очекуваната продажба. Во февруари се предвидуваше пад во продажбата од пет проценти. Во последниот месец лани, браншата уште се надеваше дека пазарот ќе се намали за ецен процент.
Поради избувнувањето на новиот вирус корона, автомобилскиот пазар во Кина забележа огромен пад во февруари. Според првичните податоци на Здружението, продажбата во споредба со ланскиот февруари е смалена за 80 проценти. Тоа е најголем пад што е забележан во историјата за кинескиот автомобилски пазар. За првите два месеци годинава, вкупниот пад изнесува 41 проценти.
















