Porsche повторно на нишан на властите: Panamera мора на сервис

porsche panamera diesel

Дизелот не престанува да го тресе целиот концерн Volkswagen. Деновиве ќе биде објавен сервисен повик и за Porsche Panamera

Porsche е заглавен длабоко во аферата со манипулираните издувни системи во своите модели со дизел мотор. Проблемите за спортската марка, којашто годинава требаше спокојно да ја одбележи 70-годишнината, само се усложнуваат, со тоа што крајот на дизел скандалот уште не е на повидок. Во моментов се води судска постапка против тројца менаџери на Porsche, а еден е веќе во затвор.

Сојузната служба за моторен сообраќај набрзо ќе објави сервисен повик за Porsche Panamera. Кај примероците од оваа моделска серија со дизел мотор се откриени недозволени уреди во системот за пречистување на издувните гасови. Според Министерството за сообраќај, овие уреди предизвикуваат зголемена емисија на штетните азотни оксиди.

Porsche Cayenne dizel

Со сервисниот повик за Panamera излегува дека во сите моделски серии на Porsche коишто се нудат со дизел мотор биле вградувани недозволени уреди, коишто лажно прикажувале дека возилата ги задоволуваат строгите норми за штетни материи во издувот. Претходно, сопствениците на Cayenne и Macan мораа непланирано да ги посетат сервисните работилници. Повикот важеше за двата дизел мотори, трилитарскиот и четирилитарскиот. Porsche веќе неколку месеци не испорачува автомобили со дизел мотор.

Претходна објаваMitsubishi Eclipse Cross на тест во магазинот Ауто Билд
Следна објаваМаркијоне заминува од Fiat, Мајк Манли презема

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here