Porsche Panamera по вкус на Марија Шарапова

При посетата на родниот град Сочи, амбасадорката на Porsche ја претстави уникатната Panamera што по нејзина нарачка ја креираше специјалното одделение на спортската марка.

Спортската марка од Штутгарт изработи уникатен модел на Panamera GTS, креиран според вкусот на познатата светска тенисерка Марија Шарапова. При претставувањето на нејзиниот Porsche во родниот град, олимпискиот Сочи, таа изјави: „Сметам дека не сум само атлетичар, туку и дизајнер. Веќе имам креирано колекции за луксузни аксесоари, облека, па дури и колачи, но никогаш не помислив дека ќе имам можност во овој репертоар да додадам автомобил, и тоа Porsche.“

S14_0035

Во моделот со официјално име „Porsche Panamera GTS by Maria Sharapova“ се вградени голем број опции од понудата на Porsche Exclusive, одделението што ги исполнува и најнеобичните желби на клиентите. Предните светла со темна основа и светлечки диоди се во контраст со каросеријата лакирана во бело, исто како и затемнетите задни светла, црните издувни цевки и црните бандажи од 20 инчи кои се полирани до висок сјај.

S14_0033

Меѓу ексклузивните опции се наоѓаат и ентериер што целосно е обложен со кожа во комбинација од кремаста и темносива боја. Стрелките на инструментите се лакирани во бојата на каросеријата, исто како и клучот од возилото. На потпирачите за глава е втиснат грбот на Porsche, а на потпирачите за рака е поставена моделската ознака Panamera GTS. Праговите се обложени со карбонски панели со натпис „Maria Sharapova“.

Porsche Panamera GTS има 4,4 литарски мотор V8 со 440 КС, забрзува до сто за 4,4 секунди и постигнува крајна брзина од 288 километри на час.

Претходна објаваТрае скандалот на ADAC: Volkswagen и BMW ги враќаат наградите
Следна објаваПремиера на Subaru Legacy на салонот во Чикаго

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here