Вистинското возило за загадено Скопје и викенд на Водно

Podbike

Од Норвешка пристига возилото по коешто копнеат сите урбани средини со признаено загадување од сообраќајот. Podbike има четири тркала, електромотор што го потпомага вртењето на педалите и покрив за заштита од дожд и студ. И брзина до 60 километри на час.

Различен пристап во конструирањето и совест за животната средина го создадоа Podbike, четирицикл со електромотор за полесно вртење на педалите и покрив за заштита од временските влијанија. Овој таканаречен веломобил – од велосипед и автомобил – пристига од фирма во Норвешка, кадешто ќе стартува со продажба кон крајот на следната година. Потоа може да се очекува низ цела Европа. Изработката на првиот прототип ќе биде готова до пролет.

Скандинавскиот веломобил не може да биде евтин колку кинески скутер со нерегулиран квалитет на издувните гасови, но затоа нуди целосна функционалност за секојдневието во градовите и околината. Цената на основниот модел на скандинавскиот пазар ќе изнесува 50.000 круни, односно 4.500 евра за европскиот пазар. Производителот најавува листа на опции, за Podbike да се приспособи според личните желби и потреби.

Podbike поседува и зона за гмечење заради заштита при судир

При дизајнирањето се внимавало влегувањето и излегувањето од кабината да биде едноставно и лесно, возачот да има целосна прегледност, но и кабината да создава мал отпор на воздухот. Школката е изработена од термопластика, поставена на рамка од алуминиум. Постои и зона на гмечење, заради заштита при судир, а може да се вградат и безбедносни ремени.

https://www.facebook.com/GoPodbike/photos/a.1214552035222166.1073741832.1073355732675131/1682389308438434/?type=3

Фактот што Podbike е развиен во Скандинавија е гаранција дека кабината ќе понуди пристојна заштита од дожд и студ. И паркирањето е оригинално: Веломобилот може да стои на опаш, односно да се исправи и на тој начин одзема помалку простор. Според производителот, на едно стандардно место за паркирање може да се сместат осум Podbike.

За Podbike се предвидува и специјална станица за полнење, со места за осум веломобили, кои ги полнат батериите додека се паркирани, преку соларни колектори што се составен дел од станицата

По еден електромотор е вграден во главата на задните тркала. Со вртењето на педалите, возачот всушност го движи генераторот, кој дополнително произведува струја за погонот. Главнината од енергијата сепак пристига од батеријата, којашто е приспособена за студената нордиска клима, што значи дека капацитетот нема да се сведе на бескорисна вредност кога времето ќе застуди.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Podbike · Технички податоци (прелиминарни)

Должина 2300 mm, ширина 799 mm, висина 1100 mm (1500 mm со подигната кабина)

Максимална контиунирана моќност на асистенција на електромоторите 250W

Празно возило: 55 – 65 kg

Дозволена вкупна тежина: 200 kg

Место за возач и багаж или возач и детско седиште

Можност за вградување кука за приколка

Највисока брзина 60 km/h

Највисока брзина со поддршка од електромотор: 25 km/h

Отпор на воздух и тркалање: 100W за 30 km/h (приближно колку тркачки велосипед)

Досег 60 километри (се планира модуларен систем, со доградување на батеријата за 120 или 180 километри)

Отстранлива батерија, за едноставно полнење во домот или канцеларија

[/tie_slide]

[tie_slide]

https://www.facebook.com/GoPodbike/videos/1570589129618453/

 [/tie_slide]

[tie_slide]

https://www.facebook.com/GoPodbike/videos/1680338025310229/

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Производителот тврди дека задните тркала поседуваат хидропневматска амортизација, што ветува и пристоен комфор во возењето. Главната задача на хидропневматиката сепак е да овозможи ротирање на задната оска, со што се подигнува кабината и се олеснува пристапот во кабината.

Идејата за Podbike не е нова, но е дотерана до совршенство. Единствената пречка претставуваат предрасудите и навиките. Но, и тие се надминати, барем во Норвешка.

Претходна објаваУлиците на Лос Анџелес пред Денот на благодарноста
Следна објаваДиректор на Volkswagen потрошил милион евра за приватни летови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here