Претстои ценовна борба со плагин-хибридите, се бега од казни

mitsubishi outlander phev istrazuvanje

Производителите на автомобили ќе се соочат со масивни казни, доколку ги пречекорат идните уште построги норми за СО2. Поради тоа, голем број производители ќе применуваат нападни мерки за масовно да ги втурнат своите плагин-хибриди на пазарот.

Годинава 2020 може да биде мошне бурна за производителите на автомобили. Аналитичарите предвидуваат дека цените на моделите со плагин-хибриден погон ќе се смалат драстично, со цел да се исполнат строгите норми на ЕУ за просечната емисија на СО2 од сите модели во портфолиото на производителите на автомобили.

Британскиот „Guardian“ цитира аналитичар од инвестициската банка UBS: „Бидејќи производителите на автомобили веројатно ќе бидат присилени за агресивно да ги пласираат своите плагин-хибриди на пазарот, предвидуваме ризик од ценовна војна во текот на 2020 година.“

Продажбата на плагин-хибриди ќе се зголеми седумкратно за период од две години

Банката очекува дека производителите во следните две години ќе потрошат повеќе од осум милијарди евра од својата добивка, со цел да ги исполнат построгите норми за издувни гасови. Како резултат од тоа, продажбата на плагин-хибриди мора до 2021 година да се зголеми седумпати во споредба со 2019 година.

Плагин-хибридите може да имаат позитивно влијание за производителите од повеќе гледишта. Преку таканаречените „суперкредити“ се постигнува, бројот на продадените модели што испуштаат помалку од 50 грами СО2 на километар, да се зголеми за одредена вредност, односно да се мултиплицира. Во 2020 година, овој мултипликатор изнесува 2,0. Тоа значи дека секој продаден автомобил одел со CO2-емисија под 50 g/km ќе се брои како два. Ова „попуштање“ ќе важи до 2023 година.

Од следната година ќе важат построги гранични вредности во ЕУ за емисијата на СО2 од новите автомобили. Просекот на СО2 од сите продадени автомобили од одреден производител не смее да надминува 95 грами на километар. Во спротивно, за секој дополнителен грам СО2 ќе се плаќа казна во висина од 95 евра, по секое продадено возило.

https://www.instagram.com/p/B2rjUoAHHr5/

Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

Претходна објаваVolkswagen во Британија доставува нарачки во багажник
Следна објаваКина е обезбедена, Индија е следниот пазарен предизвик за Skoda

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here