Pirelli ќе добие кинески сопственици?

Според агенцијата Bloomberg, италијанскиот производител на пневматици и производи од гума Pirelli може наскоро да добие нови сопственици од Кина. Акциите веќе почнаа да растат.

Италијанскиот производител на пневматици Pirelli е пред продажба. Тоа денес го објави агенцијата Bloomberg. Според неа, инвестициското друштво Cam Finanziaria (Camfin), којшто со 26,2 проценти е најголемиот акционер во компанијата, води преговори со азиски партнер околу продажба на акции по цена од 15 евра. Претпријатието со тоа би било вредно 7,1 милијарди евра. Доколку преговорите успеат, купувачот може да го презеде управувачкиот пакет акции во Pirelli и да го повлече производителот на гуми од берзата. Гласините веќе предизвикаа реакции на берзата, каде што акциите на Pirelli денес достигнаа 15,56 евра, што е највисоко ниво по априлското во 2002 година.

Претходна објаваHonda со светска премиера на концепт-мотоциклот Bulldog
Следна објаваСпецијална серија за 20-годишнината на Lotus Elise

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here