Pagani Huayra BC: Три илјади евра за една КС од овој автомобил

Дванаесет цилиндри, карбон во секој агол и 730 КС. „Нормалниот“ Pagani Huayra веќе поседува и премногу за суперспортски автомобил. Но, и тоа не е доволно нормално за Италијанците, па сега ја пуштаат изведбата BC со 800 КС.

Хорацио Пагани не сака неговите автомобили да бидат споредувани со останатите суперспортски модели. Фановите на оваа италијанска марка знаат дека човеков е мајстор на својот занает. Фетишистот за карбон сепак реши уште малку да го поддотера монструозниот Huayra и со додавката BC да го понуди во верзија со повеќе коњски сили и смалена тежина.

pagani huayra bc 004Многумина се прашуваа што стои зад ознаката BC, кога Пагани најави дека ќе претстави нов модел на претстојниот салон во Женева. Сега се откри и таа мистерија. BC се иницијалите на Бени Кајола, близок пријател и прв купувач на автомобилите на Пагани. Намерата со Huayra BC е да се извлече нов потенцијал од суперспортскиот болид. Модификациите се извршени во каросеријата и во подвозјето. Производителот открива само дека олеснувањето во овие подрачја е постигнато со примена на нов карбонски материјал, но не ја прецизира технологијата на изработка. Новиот карбон е во исто време за 50 проценти полесен, но и за 20 проценти поцврсто во споредба со стандардниот карбон. На тој начин, BC е за 132 килограми полесен во споредба со „обичниот“ Huayra, односно тежи само 1.218 килограми. Не е пропуштен ниту еден детал. Новиот издувен систем од легура на титан, на пример, тежи само 2,9 килограми.

Негова задача е да се „соочи“ со издувните гасови што ги произведува дванаесетцилиндарскиот мотор со зафатнина од 6,0 литри, кој е изведен врз основа на моторот што Mercedes го вградува во моделите AMG 65. Досега овој мотор ослободуваше 730 КС, а отсега 800 КС. Уште повпечатлив момент е вртежниот момент од 1.100 њутнметри. Оваа енормна моќ се пренесува до задната оска преку нов автоматизиран менувач Xtrac со седум степени и со електрохидраулична контрола. Ако некој се посомнева во способностите на овој „автоматизиран“ менувач, тогаш нека има во предвид дека промената на степените се случува за само 75 милисекунди.

Постои само еден проблем. Сите 20 планирани примероци од Huayra BC се веќе нарачани. И покрај цената на примерок од 2,4 милиони евра.

Претходна објаваFerrari на црвен тепих место на тркачка патека
Следна објаваVolkswagen пристига со теренец од Polo на салонот во Женева

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here