Комбе од Opel со погон на водород ќе вози за Miele

OPEL VIVARO-E HYDROGEN

Три минути полнење на резервоарите и досег над 400 километри. Тоа е суштинската предност на водородниот електричен погон, наспроти батерискиот електричен погон. Opel Vivaro-e Hydrogen е прво доставно возило што користи водород и наскоро ќе биде редовен дел од понудата на марката под знакот на молњата.

Светот го доби првиот транспортер со погон на водород што потекнува од производител на возила. Првиот Opel Vivaro-e Hydrogen ќе работи во служба на германскиот производител на уреди за домаќинство Miele. Фургонот ќе се користи секојдневно во регионите на Рајна и Мајна. На почетокот на производството на историскиот модел на Opel во седиштето во Риселсхајм присуствуваа извршниот директор Уве Хохгешурц и директорот за развој Маркус Лот.

„Со новиот Opel Vivaro-e Hydrogen го отвораме следното поглавје во нашата офанзива за одржлива мобилност. Мудриот концепт ги соединува предностите на водородниот погон со горивни ќелии, со повеќестраноста и со способностите на нашето најпродавано лесно товарно возило“, изјави Уве Хохгешурц.

https://photos.app.goo.gl/LdZKWqTqEo5qT9Vm8

Првиот техничар на Opel, Маркус Лот, посочи дека Vivaro-e Hydrogen точно ги исполнува барањата на корисниците со големи возни паркови. Фургонот со водороден погон е вистински избор за совладување долги растојоанија со нулта емисија. Клучно е тоа што возилото не мора да мирува долго додека се полни батеријата, затоа што тука место батерија се користат компактни резервоари во коишто се чува водородот под висок притисок. Полнењето на резервоарите трае само неколку минути, практично нема разлика со полнењето гориво кај возила со обичен погон.

Основата потекнува од електричниот Opel Vivaro-e, што сцената го познава како „Светски ван на годината за 2021 година“

Со полни резервоари, досегот надминува 400 километри. Горивната ќелија со моќност од 45 kW испорачува сосем доволно моќ за долго возење по автопат. Полнењето трае три минути.

https://photos.app.goo.gl/PryKq6rkfvFEBj5R7

https://photos.app.goo.gl/H7KQZM8o8V9GmaDeA

Литиум-јон батерија од 10,5 kWh служи за постигнување на максималната моќност, кога возачот ќе го побара тоа, на пример, при поаѓање и при забрзување. Бидејќи батеријата ја покрива потребата од енергија во такви ситуации, горивната ќелија може да работи во оптимални услови. Секако дека релативно малата батерија се полни при сопирање. Постои и приклучок за полнење на батеријата, додека возилото мирува подолго време, но нејзината наполнетост не е клучна за возењето, односно Vivaro-e Hydogen поаѓа и со празна батерија. Доколку се користи само енергијата во батеријата, со неа може да се извозат до 50 километри. Во возилото е вграден сопствен трифазен полнач (11 kW) и истото се испорачува со стандарден кабел за полнач Тип 2.

Погонот на водородниот Vivaro не одзема од товарниот простор. Зависно од каросериската изведба, товарниот простор се движи меѓу 5,3 и 6,1 метри кубни. Може да се избира меѓу верзија долга 4,95 или 5,30 метри, со носивост до 1.000 килограми.

Во опремата се вклучени панорамска камера за просторот зад возилото, предупредување за возило во мртов агол и паркинг сензори напред и назад. Навигацијата препознава говорни команди и секако дека нуди голем дисплеј и поврзување телефон во системот преку Apple CarPlay или Android Auto. Тајмер нуди можност за кабината да се загрее или излади директно пред да се седне во возилото.

Vivaro-e Hydrogen ја дополнува понудата од електрични доставни возила на Opel, којашто се состои од Combo-e, Vivaro-e and Movano-e.

https://photos.app.goo.gl/VMgye7Pi8CeFzTsb9

Претходна објаваPorsche седумдесет години продава автомобили во Австралија
Следна објаваДиректорот на BMW повторно избран за шеф на авто-производителите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here