Спојот на големо комби и стилски елементи на теренец досега го нудеше само Audi A6 Allroad. Марката под знакот на молњата го нуди истиот спој по значително пониска цена. Кој сака, добива и погон на сите тркала.
Семејството на големиот Opel се прошири со моделот Insignia Country Tourer, кој со заштитата на подвозјето напред и назад, со впечатливите каросериски детали во стил на теренец, со двете издувни цевки и со зголеменото растојание од подлогата се профилира како моделска изведба за авантуристички настоените возачи. Пакетот го дополнуваат погон на сите тркала и моќни турбомотори, со 250 КС во бензинската и 195 КС во дизелската изведба.
[one_half][/one_half]
[one_half_last][/one_half_last]
За пробивност по теренот се грижи електорнски контролираниот погон на сите тркала со спојка според принципот халдекс и со електронска блокада на диференцијал. Во зависност од условите на теренот, погонот се распределува до 100 проценти на предната или задната оска, односно само меѓу задните тркала. Предноста на овој погон се огледува во тоа што корекцијата на распределбата на погонот се случува уште пред да пролизгаат тркалата, со што се задржува динамиката и безбедноста во возењето. Дополнително може да се избере и приспособливото подвозје FlexRide, што прави Country Tourer во исто време да биде способен и како теренец и како динамичен крстосувач. Во споредба со стандардниот комби, Country стои 20 милиметри повисоко над земјата.
Премиерата на кросоверот на Opel е најавена за салонот во Франкфурт во септември, заедно со стилското и техничко освежување кое што моделот од средната класа го доби за следната половина од неговото пазарно присуство.