Opel на германските возачи им нуди 4.000 евра попуст за Astra

opel astra akcija

Акција каква што сигурно би сакале да доживеат и македонските возачи. Opel нуди 4.000 евра за сопствениците на стари автомобили, за замена со нова Astra

Сопствениците на стари автомобили во Германија, чијашто пазарна вредност обично изнесува до 1.000 евра, добиваат примамлива можност за замена со нова Astra. Дилерите на Opel практично го откупуваат стариот автомобил по цена од најмногу 4.000 евра, одбивајќи ја таа сума од вредноста на новиот модел.

Највисокиот попуст следува за Opel Astra со 1,4-литарски турбо бензинец, со 150 КС и ниво на опрема Innovation. Акцијата во Германија трае до 31-ви август, низ целата дилерска мрежа во земјата. Во македонскиот ценовник, оваа моделска изведба на Astra фигурира со цена од 21.764 евра.

Посебни услови во рамките на акцијата што се нарекува „Opel Wechselwochen“ или „Опеловите недели за замена“, се добиваат и за Corsa, како и за триото X-модели, Crossland X, Mokka X и Grandland X.

Претходна објаваЛуксуз е да возиш хибриден BMW што заштедува 1000 евра годишно
Следна објаваЕлектричниот Jaguar I-Pace е како веган во куќата на стекот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here