Opel ја прошири моделската понуда на бестселерот Mokka

За седум месеци Opel Mokka се потврди како бестселер, со повеќе од 100.000 нарачки. Малиот теренец е особено популарен во Германија, Русија, Англија, Италија и Франција.

Opel реагира на огромниот интерес за моделот и сега го нуди моделот со 1,4-литарски турбо бензинец со 140 КС и во поевтина и поштедлива верзија со погон само на предните тркала, во комбинација со шестстепен менувач. Покрај тоа е проширена и понудата на дополнителна опрема со врвно озвучување Bose, бандажи со пет краци од 19 инчи и каросерија во металик портокалова боја.

Новата комбинација од мотор, менувач и погон на предната оска овозможува просечна потрошувачка од 6,7 литри. Со моторот со 140 КС, Mokka забрзува за 10,7 секунди до 100 и постигнува крајна брзина од 187 километри на час. Новитет се и аудиокомуникациските уреди CD 600 Interlink и Navi 950 Europa Interlink, со екрани со висока резолуција и пречник од 7 инчи и пренос на слика од опционалната камера за рикверц. Телефонирање преку блутут врска и аудио стриминг исто така се можни.

Претходна објаваПролетта ги вознемирува алергичарите
Следна објаваЛавот со двојна грпка се подосвежи за новата сезона

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here