за

„Ное“ е првиот автомобил што се рециклира 100%

Ное автомобил 100 рециклирање

Ное тежи само 350 килограми, изработен е од најнапредни материјали и секој негов дел може да се рециклира. Градскиот автомобил го создадоа студентите на Техничкиот Универзитет во Ајндховен, Холандија. Во текот на летово, Ное поаѓа на турнеја во седум европски метрополи. Во меѓувреме се работи на хомологација, за возилото по завршувањето на турнејата да се пушти во редовен сообраќај.

Автомобилскиот „Ное“ можеби нема сам да го спаси светот, но дава добра идеја во таа насока

Досега постоеле бројни обиди да се изработи автомобил што ќе се рециклира 100%, но тие обично завршувале неславно. Постојат повеќе прозводители кои во сериското производство користат изолација од кокосови влакна или облоги за седишта од кора од банана – и повторно, ништо спектакуларно.

Ное автомобил 100 рециклирање 1

Ное во тој поглед е многу поефективен и целосно го затвора кругот на користење на ресурсите од обновливи извори. Намерата на холандските професори не е да ја поттикнат следната голема револуција во производството, туку едноставно да докажат дека кругот на материјалите може да се примени и во еден толку сложен продукт, како што е автомобилот.

Проектот веќе го предизвика вниманието и на големите автомобилски концерни, кои секако дека гледаат интерес во можноста за 100% искористување на материјалите.

Лен, шеќер, поликарбонат, кожа…

Од конструкциски поглед, Ное користи сендвич-структура, којашто е изработена од ленени влакна и пластика на база на шеќер. Каросеријата исто така е изработена од композит од ленени влакна. Стаклата се од поликарбонатот лексан, додека долните делови на седиштата се обложени со парчиња кожа, коишто обично се фрлаат при производството на кожа.

Ное автомобил 100 рециклирање 3

Веќе не е новитет тоа што за погонот на овој двосед се користи електромотор, во случајов со моќност од 20 КС. Енергијата за досег до 240 километри пристига од шест батерии тешки по десет килограми. Крајната брзина изнесува околу 100 km/h.

Ное автомобил 100 рециклирање 4

Напредните дигитални инструменти и системите за вмрежување се испорачани од добавувачи што произведуваат на одржлив начин. Идејата на конструкторите е во големите градови да се создадат возни паркови, коишто жителите ќе можат да ги користат по потреба, таканаречен „car-sharing“.

Зошто некој би се интересирал за автомобил што се рециклира 100%

Еколозите во светот водат една статистика, којашто укажува на неопходноста од комплетно затворање на кругот на користење на материјалите. Светот лани ја потрошил количината на суровини што може да се обнови за период од една година веќе на 2-ри август. Тоа е најрано во историјата. Доколку не би постоеле други извори, тоа значи дека светот би требало да хибернира во преостанатите пет месеци, од август до декември. Тоа може и да се преформулира. Светот троши приближно двојно повеќе отколку што природата може да обнови за одреден временски период.

Ное автомобил 100 рециклирање 2

Ваквиот грабеж на животната средина не може да се случува до недоглед. Но, мора да се воспостави контрола, затоа што растот на населението, подобрувањето на стандардот и подолгиот животен век само го забрзуваат исцрпувањето на ресурсите. Рециклирањето не е единствениот начин, но е едно од најприменливите решенија. Производителите на автомобили во меѓувреме посветуваат особено внимание на затворањето на кругот на материјалите.

Природни материјали ја заменуваат пластиката во автомобилите

Дебатата за иднината на автомобилизмот започнува од МАНУ

Најеколошкото гориво: Водород од сончева енергија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

енди палмер aston martin

Како Енди Палмер го спаси Aston Martin со идеите од Nissan

десет видови велосипеди за возење до работа

Десет видови велосипеди за превоз до работа