Тесла Ипсилон ја губи продажната трка од Дачиа Сандеро, за насловот на најпродаван модел во Европа годинава

Тесла Ипсилон годинава нема да успее да ја одбрани титулата на најпродаван автомобил на европскиот пазар.

Дачиа Сандеро е на пат да го престигне СУВ-моделот со електричен погон, како најпродаван модел годинава, со големо водство и во ноември и во вкупната продажба за 11 месеци.

Сандеро е во голема предност и во споредба со најблискиот конкурент Фолксваген Тигуан, со 21.506 возила наспроти 16.618 возила во ноември. Тоа го покажуваат податоците од агенцијата Датафорс, по добиени податоци од 97 проценти од пазарот во ЕУ, ЕФТА и ОК.

Продажбата на Тесла Ипсилон во ноември падна за 1 процент, на 17.378 возила

Со последните податоци што треба да пристигнат од пазарите во Унгарија, Португалија и Словачка, мала е веројатноста дека Голф ќе го надомести заостатокот од близу 3.000 возила. Доколку Сандеро победи и во ноември, тоа ќе биде осми пат годинава романскиот автомобил да се искачи на врвот.

Тоа воедно значи и дека е голема веројатноста Дачиа да го има најпродаваниот модел за цела 2024 година на целиот европски пазар, затоа што по 11 месеци е во предимство од 47.664 возила во однос на Фолксваген Голф.

Тесла Ипсилон е на шестото место до ноември, со продадени 181.781 возила, што значи дека заостанува за повеќе од 65.000 возиола зад Сандеро, со останат само уште еден месец во продажбата годинава.

Историски гледано, Тесла отсекогаш давала широкогради понуди за да ја забрза продажбата. Специјалистот за електрични возила нуди една година бесплатно користење на полначите на Тесла, за купуваи на Ипсилон во Европа, што ќе извршат уплата до 31-ви декември.

Кои се останатите модели што се тркаат за место во Европа?

Во ноемвриската трка остануваат уште неколку трки за место.

Тесла Ипсилон има само 79 возила предност во однос на Фолксваген Голф, во трка за третото место.

На Пежо 2008 му недостигаат само 56 продажби за да го престигне Фолксваген Т-Рок на шестото место.

Податоците за октомври 2024

Најпродавани модели во октомври 2024 во Европа, податоците за ноември уште не се конечни

Киа Спортаж има предимство од 31 возила пред Хјундаи Тусон на 14-то место.

Разликата за 20-то место е уште потесна, каде што Тојота Ц-ХР има 10 возила повеќе од Форд Пума, покажуваат првичните податоци од Датафорс.

Кои се најжестоките дуели за 11 месеци?

Пежо 208 во продажбата за единаесет месеци води пред Тесла Ипсилон со 1.452 возила за 5-то место.

Ипсилон, пак, има предимство од само 2.459 возила во споредба со Тојота Јарис Крос, за местото на 6-ти најпродаван модел до ноември.

На 11-то место, Киа Спортаж се бори против Дачиа Дастер, со предност од 1.163 возила.

Ситроен Ц3 се бори за 14-то место со предност од 201 возило пред Опел Корса.

Уште една тесна трка се води меѓу Тесла 3 и Форд Куга, со предимство на Тесла од 175 возила, според првичните податоци.

Кој производител има најмногу модели во Топ 50?

Фолксваген во ноември имаше седум модели во Топ 50, предводени од Тигуан (2-то место), Голф (4-ти) и Т-Рок (7-ми).

Следи уште една марка од концернот, Шкода со шест модели, со Октавија на највисокото место (11-та), по неа се Фабиа (25-та) и Ениак (29-ти).

Пет модели меѓу најпродаваните 50 има Тојота, со највисок пласман за Јарис Крос, на 8-то место, пред Јарис (9-ти) и Корола (17-та).

За 11 месеци, Фолксваген и Тојота имаат најмногу модели, по шест во Топ 50. Следна е Шкода со пет, по неа се Пежо со 4 и Дачиа со три модели.

Видеото од тестот на Ситроен Ц3

Претходна објаваТојота Ц-ХР вози во милионска бројност по улиците на Европа
Следна објаваФолксваген се спогоди со синдикатот, нема итно затворање фабрики и отпуштање работници

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here