Ова се најпродаваните кинески автомобили во Европа, вкупно 165 модели

Десетте најпродавани модели од кинексите производители заедно имаат постигнато продажба од преку 310.000 возила на европскиот пазар, до август. Разбирлива е раздвиженоста меѓу традиционалните производители, чијшто пазарен удел се стеснува.

Фортинг Т5 Ево на тест во Аутомедиа, со хибриден погон; Моделот се појавува под повеќе имиња, и во статистиката треба да се искачи на 19-то место

Два производители се главни во продажбата на кинеските автомобилски марки во Европа, Би Уај Ди и САИЦ, односно МГ Мотор. Двете марки се речиси туѓи на македонскиот пазар, едната поради незаинтересираниот пазар за електрични автомобили, другата поради посредничкото дилерство, што прави цените да бидат далеку од „кинески“. Во нормални средини, САИЦ има шест модели во Топ 10 за кинеските марки, Би Уај Ди заокружува со четири модели. Десетте најпродавани кинески автомобили во Европа заедно имаат постигнато 314.000 продажби до август.

Кога европскиот пазар стагнира, а кинеските марки бележат раст, не треба многу наука да се заклучи дека производителите од моментно (и уште долго) најголемата автомобилска сила во светот им одземаат од пазарниот удел на традиционалните производители. Бројките и насловите се веќе прочитани и ситуацијата е јасна. Во овој пазарен преглед, на едноставен начин ги прикажуваме најпродаваните модели од кинеските производители во Европа (ЕУ без бугарија и Малта, со ОК и Швајцарија), според службените податоци што ги објавува Јато Аналитикс.

Од производителите што се забележливи на македонската сцена, прв е Донгфенг со Фортинг Т5 Ево, со продадени 2.243 примероци на 25-то место, а веднаш по него е приклучниот хибрид ДФСК Е5, со 1.701 продажба. Реалната продажба на Т5 Ево е двојно повисока, затоа што Јато го води моделот и под матичната марка Донгфенг, па така следат уште 1.632 примероци, односно вкупно 3.875 примероци од истиот модел, под различни имиња.

Кога ќе се коригираат тие пропусти, Т5 Ево треба да се најде на 19-то место. Истото важи и за електричниот Донгфенг Нами Бокс, којшто се појавува под неколку имиња, но вкупната бројка достигнува 1.342 возила.

Уште еден кинески производител што е успешен на македонскиот пазар е БАИЦ, чијшто Икс 55 е на 27-то место, со продадени 1.697 примероци. Се слушаат гласини дека и Липмотор ќе почне наскоро да се продава на македонскиот пазар. Нивниот Т03, малечок електромобил, на овој список е на 11-то место, со 8.957 примероци, но извесно е дека наскоро ќе биде престигнат од поголемиот и далеку поскап СУВ од компактната класа, Ц10, којшто е на 17-то место, со продадени 4.131 примерок до август.

Со доаѓањето на новите модели на Донгфенг и стартувањето на БАИЦ, а веројатно наскоро и Липмотор, пазарот осозна кои се реалните цени и противвредности на кинеските автомобили, и тоа ги стави во сенка марките што извесно време пред тоа имаа услови да се пробиваат со посреднички цени (секоја наредна рака си зема провизија), како МГ Мотор, Чери или Грејтвол. Големите попусти нема да сменат многу, довербата на пазарот кон тие дилери е разнишана. Затоа и сцената вели дека Кинезите се коректорите на автомобилскиот пазар.

Претходна објаваЕлектричните автомобили им скусуваат од бизнисот на сервисните работилници
Следна објаваЕвропејците со девет плати купуваат пет години стар Голф

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here