за

Нафтата поевтинува, ОПЕК не може го спречи тоа

Нафтата поевтинува, ОПЕК не може го спречи тоа

Во време кога се намалени авионските летови, индустријата подзабавува и големите натпревари се одигруваат без публика, потрошувачката на нафта опаѓа. Сето тоа се должи на вирусот корона. Како природна последица, нафтата поевтине.

Во минатата недела се одржа средба на ниво на Организацијата на земји извознички на нафта (OPEC) со цел да се спречи натамошен пад во цената на нафтата. Обидот заврши безуспешно, затоа што Русија одби да го намали производството. Останува да се најде решение, за потрошувачката на нафта повторно да се зголеми, откако ширум светот владее вирусот корона.

Постоечкиот договор меѓу членките на OPEC истекува кон крајот на месецов. Потоа, државите можат да експлоатираат нафта колку што им е волја, но на тој начин само ќе постигнат спротивен ефект, затоа што со зголемено производство, а намалена потрошувачка, цената на нафтата само ќе опаѓа уште повеќе.

Цената на сировата нафта веќе се намали за 9 проценти и изнесува 45,27 долари за барел

Индустриските аналитичари во Голдман Сакс се загрижени дека вирусот корона може да предеизвика намалување потрошувачката на нафта во текот на целата 2020 година. Тие ценат дека се мали шансите, за просечната цена за барел сирова нафта да се задржи на 45 долари во првата половиан од годината, затоа што дури и во случај да се постигне договор за скусување на производството, тоа ќе биде недоволно да надомести за влијанието што вирусот го има врз кинеската екомонија. Повеќето од големите рафинерии и фабрики во Кина се затворени поради вирусот.

Голем број држави производители на нафта се зависни од приходот од нафтата. Значаен пад во нивниот профит може да доведе до политичка нестабилизација. Земјите како Иран и Ирак се во опасност, но истото важи и за Венецуела или Бразил. Економијата на Русија исто така во голем дел се базира врз нафтата. Политичката нестабилност таму, би имала несогледиви последици.

Ниската цена на нафтата ќе влијае и врз скапите техники за експлоатација на нафтата, како што е неславниот фракинг. Штета ќе претрпи и синџирот за дистрибуција, кадешто се скусува бизнисот поради намалената количина на нафта за транспорт. Единственото што може да профитира е животната средина.

Не е исклучено дека поевтинувањето на нафтата ќе доведе до нов бум во продажбата на големи пикапи и СУВ-модели, особено во САД, што повторно би предизвикало зголемување на емисијата на СО2 од сообраќајот.

Никој моментно не може да предвиди, каков ефект ќе предизвика вирусот корона врз глобалната економија. Исто како со глобалната економска криза пред 12 години, последиците ќе се покажат во целосна мера дури по неколку месеци или години.

https://www.instagram.com/p/B9g4ftnjqnX/

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Koenigsegg Jesko Absolut

Koenigsegg сака да вози 531 километри на час

Opis

Volkswagen се откажува од метанот, целосна посветеност на погонот на струја