На Англичаните не им пречи тоа што MG доаѓа од Кина

MG MG3 nov napred

Англичаните беа меѓу првите што ја прифатија „новата“ Skoda, а потоа и Dacia. Можеби тоа ја поттикнува нивната неоспорна смисла за хумор, но островјаните препознаваат кога за парите добиваат многу автомобил. Тоа сега е случај со MG

Историска ретроспектива за прочуената англиска марка MG тука би била предолга и премногу сложена. Кусо, MG е гордост на островската автоиндустрија, но возилата од марката сега се произведуваат во Кина, од кадешто секако потекнува и капиталот. Неколку месеци наназад, марката пријавува рекордни продажби на британскиот пазар и моментно е на најдобар пат да ја дуплира продажбата од лани. Во меѓувреме, MG е најбрзо растечки производител на автомобили во Кралството.

Августовската продажба му донесе нов рекорд на MG, со вкупно продадени 5.685 возила од почетокот на годината, што е за 1.000 повеќе отколку во целата ланска година. Само во август се продале 588 возила или за 223% повеќе отколку во истиот месец лани. Марката се врати на британскиот пазар во 2008 година.

„Morris Garages“ моментно има два модела во понуда, двата со 7-годишна гаранција. Неодамна стартуваше новиот MG3, покрај популарниот MG ZS, кој сосем разбирливо е СУВ-модел од компакт класата. Тоа што купувачите ги привлекува е разумната цена, одличната опременост, впечатливиот изглед и добрите услови за финансирање. Долгата гаранција, исто така. MG, инаку, не се продава на „отсечениот“ континент.

Ставот на Британците кон автомобилите и марките кои нудат повеќе за парите отсекогаш бил поучен и надвор од „островот“.

MG3 стартува од 8.695 фунти (околу 9.650 евра). Магазинот Auto Express го прогласи за петти најдобар модел во класата. Моторот е 1,5-литарски, бензинец.

MG3 nov strana

MG ZS стартува од 12.495 фунти (околу 13.870 евра), опремен е со навигација, темпомат и ApplePlay

MG ZS

Претходна објаваФранкфурт е трет германски град со забрана за дизели
Следна објаваMercedes Actros: Камери место ретровизори, дигитални инструменти, вози сам

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here