Mercedes планира соработка со Nissan за наследникот на CLA

Идната генерација на купето со четири врати врз основа на класата А на Mercedes која што е планирана за 2018 година е можно да се произведува и во фабриката на Nissan во Мексико.

Следната генерација на малиот брат на CLS може да биде плод од соработка со Nissan. Шефот на германската марка, Дитер Зече, за весникот Automotive News изјави дека CLA може да се произведува во Мекско како дел од заедничката инвестиција со Nissan. Одлуката за тоа ќе се донесе во следната година. Новата верзија на компактната лимузина во случај на позитивно решение би можела да се произведува во фабриката во Агуаскалиентес во Мексико. Актуелната генерација на CLA се произведува во Унгарија. Моделот е дел од семејството на класите A и B, со целна група на млади купувачи.

Претходна објаваDatsun Go ќе се продава за 5000 евра – во Русија и Индија
Следна објаваKia продаде 1,4 милион возила во првото полугодие

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here