за

Банката на Mercedes лани склучила договори вредни 13,3 млрд. €

mercedes benz banka

Новите договори за лизинг и финансирање на возила од концернот Daimler, склучени лани со банката на Mercedes, постигнале историски рекорд. За 2020 година се предвидува натамошен раст, имајќи предвид дека електричните и хибридните возила во најголемиот дел се користат под лизинг, а продажбата на овие возила се зголемува нагло.

Банката на Mercedes во минатата година склучила нови договори за лизинг и финансирање за патнички и товарни возила во висина од 13,3 милијарди евра. Услугите се достапни само на германскиот пазар, кадешто лани под банкарски договор биле испорачани близу 400.000 возила од марките Mercedes-Benz, AMG, smart, Setra и Fuso. Вкупното портфолио на сите тековни договори на крајот на 2019 година изнесувало 25,9 милијарди евра.

На договори во секторот на товарни возила отпаѓаат 4,1 милијарди евра (+5%), што е уште еден рекорд. Најбарани биле комплетните пакети, како што е CharterWay Service Leasing. Покрај отплата на лизингот, во месечната рата спаѓа и редовно одржување на возилата во претходно договорен износ.

Патничките автомобили учествувале со 9,2 милијарди евра (9,3 во 2018 година). Бизнисот пораснал во делот на осигурувањата во подрачјето на мобилноста. Лани првпат биле склучени повеќе од 24.000 договори за гаранција (+24%). Со овие договори, клиентите се осигуруваат од непланирани трошоци за поправка. Влогот на клиентите до крајот на годината достигнал 11,9 милијарди евра (10,9 млрд. преклани).

Банката објавува интересен податок: Електричните и хибридните возила во најголемиот дел се користат под лизинг. Понудата од вакви модели во концернот веќе постигна впечатлив обем, почнувајќи од A-Class до S-Class, вклучувајќи го EQC. Менаџерите очекуваат дека во овој дел ќе се постигне голем пораст годинава. Можноста да се избере осигурување за батеријата олеснува клиентите да се решат за електричниот или хибридниот погон.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda Jazz Crosstar

Honda Jazz ќе биде достапна и во кросовер-изведба

fiat корона

Fiat го ограничува пристапот во фабриките поради вирусот