за

McLaren отвори фабрика специјализирана за карбонски композити

McLaren Senna MCTC MP4-5

McLaren денес одбележа важно историско поглавје со почетокот на работата на новата фабрика во Јоркшир, во којашто ќе се произведуваат карбонски школки. Специјално за настанот пристигна McLaren Senna, кој направи крштевање на новите хали во типичен стил за марката – со цртање „крофни“ по подот.

Британскиот креатор на луксузни спортски автомобили и суперавтомобили, како што се опишува McLaren Automotive, денес имаше спектакуларно крштевање на новите производствени погони во Јоркшир. Шефот Мајк Флуит се појави со рачна светилка пред публиката во темната хала, осветлувајќи го логото на марката, како најава за настапот на McLaren Senna. Во стил што е сосем очекуван за марка која има израснато на тркачките патеки, суперавтомобилот остави неколку мајсторски изведени „крофни“ по подот во халата. Тоа беше крштевањето на MCTC, односно на Технолошкиот центар за композити на McLaren.

McLaren е единствената спортска марка што не сака да произведува теренец

Именуван по најголемиот возач во формула 1, Бразилецот Аиртон Сена, кој своите три титули ги освои во McLaren, новиот суперавтомобил беше придружуван од шампионскиот McLaren MP4/5 од 1989 година.

McLaren Senna MCTC

Јавноста за првпат доби пристап во новиот центар за композити вреден 50 милиони фунти. Центарот ќе почне да работи со полн капацитет во 2019 година. Тој е вториот производствен погон на McLaren, покрај матичниот во Вокинг. Околу 40 експерти моментно го усовршуваат процесот на производство на карбонски монокок, којшто е срце на секој автомобил на марката.

Од следната година, околу 200 лица ќе изработуваат лесни карбонски школки, коишто потоа ќе се испорачуваат во Вокинг, во погонот кадешто се врши рачната монтажа на автомобилите. Карбонот е еден од заштитните знаци на McLaren, кој првпат го примени во формула 1 во 1981 година. Оттогаш, карбонот е присутен во секој автомобил под нивното лого.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Magna Icon

На овој радар ништо не му бега од погледот

renault symbioz

Renault и Dacia со историски рекорд од 3,8 милиони продадени возила