McLaren доби специјални зимски гуми од Pirelli

McLaren Pirelli Sottozero 3

Италијанскиот специјалист за обување на брзите автомобили изработе специјална серија зимски гуми Pirelli MC Sottozero 3 за моделското семејство „570“ на McLaren.

Брзите, моќни и соодветно скапи машини порано остануваа во гаража во студениот период од годината. Но, пазарот денес бара суперавтомобили што може да се возат во секојдневието, па дури и кога надвор врне и вее. Потребно е само да се заменат пневматиците. Pirelli изработе зимски гуми специјално за „основната“ моделска серија на McLaren – 540C, 570S, 570GT и новиот 570S Spider. Ова би требало да претставува почеток на трендот на специјални дизајни на зимските гуми за одредени супермодели.

Pirelli Sottozero 3 со печат на McLaren

Во вообичаениот благороднички манир, Британците им нудат готов сет на своите клиенти, заедно со 14-краки бандажи што ќе се валкаат во студената сезона. Pirelli MC Sottozero 3 дополнително носат печат „MC“, како доказ дека се одобрени и дизајнирани специјално за McLaren. Профилот на гумата се одликува со висока ефикасност во потиснувањето на водата, со што појавата на аквапланинг се поместува во повисоките брзински подрачја.

Според Италијанците, со Pirelli MC Sottozero 3 по мера, сопирањето на влажен пат при студено време се скусува за 10%, односно до 20% на снег, во споредба со обични зимски гуми во класата.

Претходна објаваЕлектрични камиони носат делови до фабриките на BMW
Следна објаваLamborghini Urus прославен како државен празник

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here