Lexus се подготвува за следното проширување на понудата од спортски теренци и кросовери со концептот UX, од когошто треба да произлезе сериски модел под компактот NX. Идниот кросовер продолжува со впечатливиот дизајн, моделот ја дели платформата со Toyota C-HR, хибридниот погон се подразбира.
Освен со малечкиот кросовер Toyota C-HR, јапонскиот гигант ќе ја прошири својата понуда од спортски теренци и кросовери и со верзија на овој модел под престижната марка Lexus. На салонот во Париз е закажана премиерата на концептот UX. Со впечатлив дизајн, идниот модел под компактниот Lexus NX се обраќа на „прогресивна урбана публика којашто ње во постојан онјалн-контакт со својата животна средина“ – најавува јапонската марка.
Се најавуваат интелигентни технологии што му овозможуваат возбудливо доживување на возачот, во комбинација со традиционалната занаетчиска умешност и најнапредни техники на изработка, што се дел од Lexus.
Заедно со концепот Lexus UX, на салонот во Париз пристига и освеженото моделско годиште на Lexus IS, како и новиот знаменосец во понудата од купеа, Lexus LC. Со Sport Line ќе има и нов пакет на опрема за компактниот кросовер NX.
















